Ништо

23.02.2016 02:42
Ништо

Сцената не претставува ништо. Дејството не се случува никаде. Впрочем, и нема дејство. Ниту пак има личности. И, што е сосема разбирливо, тие ништо и не зборуваат.

Завесата сè уште не се крева, зашто е сè уште кај шивачот.

Тешко е да се рече дали салата е празна или полна: таа сè уште не е изградена. Засега и не се поставува прашањето дали треба да се изгради. Ќе се гради ли еден ден? Кој тоа ќе го знае?

А што се однесува до авторот кој ова утро реши да ја напише пиесата, се дознава дека умрел попладнево.

 

Жак Стернберг (Jacques Sternberg, 1923-2006). Романсиер, раскажувач. Се појавил во литературата со збирката кратки прози „Геометрија во невозможното“. Романи: „Чиновник“, „Предградие“, „Ти, моја ноќ“. Збирки на научно-фантастични раскази: „Меѓу два неизвесни света“, „Универзумот Нула“, „Иднини без иднина“. Кратките прозни текстови му се собрани во книгата „Замрзнати раскази“.

Превод: Влада Урошевиќ
Слика: Николас Бруно

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото