Ода за царот

24.02.2016 02:15
Ода за царот

Посветено на нашиот 83-годишен соборец од С. Маково, мариовско.


О пресветол Николај,
Ти мислиш дека јас мора да сум луд, штом не сакам да ти бидам шут
И дека мора да сум „странска служба“, ако не сакам со тебе дружба.
А јас само сакам да се шетам по плоштад, без страв дека ќе стасам во вечен лад.
О пресветол Николај,
Ти мислиш дека сум „мрачна сила“, и дека чудно намуртена сум била,
И ако не сакам да се фатам во оро со тебе, дека ѓавол е тој што треба да ме земе.
А јас само сакам да се шетам по плоштад, без да ме мачи сиромаштија и глад.
О пресветол Николај,
Ти мислиш дека оградата ќе те спаси, и дека со спин бунтот се гаси.
И дека мора да сум опција лева, штом таму нешто дигам џева.
А јас го сакам светот цел, оти сум и јас од него дел.
О пресветол Николај,
Ти си направил мапа како да си ја спасиш кожичката ти скапа,
И дека мајмунот што не гледа, зборува и слуша, за тебе ќе пролее крв до гуша.
А старецот не ја сакаше пензијата ваша, туку ја сакаше – правдата наша!
О пресветол Николај,
Ти мислеше дека ако му наполниш со јаловица уста, ќе завладее тишина низ Мариовската ледина пуста.
Но денес, тука, еве нè нас, еден, петмина, педесет и пет;
и сите сме негов глас, сите еден до еден, во ред.
О пресветол Николај,
Огледало ти носам сега, оти од ликот твој и одразот бега
И го користам мојот дар, да кажам нешто за голиот цар.
А пред овој народ збран јас ти викам: Но пасаран!

Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото