Илустрирана историја на познати личности, љубители на мачки

24.02.2016 12:55
Илустрирана историја на познати личности, љубители на мачки

Тери Прачет

Уметникот Сем Калда од Јужна Дакота е креаторот кој стои зад новиот проект наречен „Луѓе и мачки“, во кој Калда претставува илустрации од познатите книжевници, уметници, модни, и културни икони со своите мачки, проследени со рачно испишани цитати за тоа што овие познати личности како Џон Кокто, Харуки Мураками,Ернест Хемингвеј и други, чувствуваат за своите миленичиња.

Едвард Гори

Проектот е дел од книгата насловена Men and Cats: An Illustrated History, која беше промовирана во Модниот Институт за технологија во Њујорк, каде што Kалда ја добил магистерската диплома за илустрација.


Жан Кокто

Калда, кој и самиот има пуфкаст црно-бел мачор кој го нарекува Sister, за специјалниот блог за мачки I Have Cat, изјавил дека е самопрогласен „ човек-мачка“, а за Design Week објаснува дека го создал проектот со цел да ги раскаже приказните за чудните и брилијантни мажи од светот на уметноста кои се и биле големи љубители на мачки.“


Харуки Мураками

Карл Лагерфилд

Марк Твен

Мишел де Монтењ

Џозеф Спајс

Саул Стајнберг

Извор: www.itsnicethat.com

ОкоБоли главаВицФото