Шармантен минијатурен накит инспириран од оригами

25.02.2016 16:03
Шармантен минијатурен накит инспириран од оригами

Фановите на јапонската уметност на виткање хартија сега можат да носат скапоцени минијатурни оригами како накит. 

Дизајнерите Клер На и Арно Солигнак направиле една убава колекција на шармантен минијатурен накит со оригами дизајн, направен од свиткан метал. Малите фини фигури вклучуваат комплексно изработени животни, птици, ракови, слонови и диносауруси.

Француската дизајнерска двојка била инспирирана да ги направи овие парчиња накит откако некој нивен пријател од Јапонија им ја покажал техниката на правење оригами. По една ноќ помината во виткање хартија и правење фигури, тие се навлекле на занаетот. Колекцијата накит содржи ланчиња, нараквици, прстени и други додатоци.

Извор: www.etsy.com