1014 hPa
73 %
21 °C
Скопје - Чет, 10.09.2026 03:10
Кристијан Шуберт е американски илустратор кој во своето творештво има голема склоност кон психоделичното, необичното и чудното. Неговите слики истовремено се и вознемирувачки и забавни, а ликовите на Шуберт се движат во свет кој во никој случај не е пријателски расположен кон нив.
Од неодамна, тој работи за клиенти како Bloomberg Businessweek и Lucky Peach, што доведува до извесно „припитомување“ на стилот. Сепак, и понатаму неговиот афинитет кон психоделичното останува силен.






Извор: www.itsnicethat.com