1018 hPa
27 %

30 °C
Скопје - Нед, 15.06.2025 12:59
За еден тврдокорен фудбалски фан со половина милион фунти за трошење, дали има нешто подобро од купување на стариот стадион на Арсенал во Хајбери, Северен Лондон?
Фудбалскиот стадион и поранешен домашен терен на фудбалскиот клуб Арсенал бил изграден во 1913 година на местото на универзитетскиот објектот за рекреација, пред да прерасне во „Дом на фудбалот“, како што тогаш го нарекувале. Низ децениите, стадионот се развивал и проширувал за да се приспособи на зголемувањето на бројот на навивачите на Арсенал, сè додека на преминот на векот не почнал вистински да старее.
Дотогаш стадионот имал само 38.000 седишта, премногу малку за да обезбедат места за секој фан на Арсенал. За понатамошно проширување на стадионот воопшто не се дискурало, бидејќи од сите страни било опкружен со станбена површина.
На 7 мај 2006 година, Арсенал го играше финалето на теренот на овој стадион. Тоа беше натпревар од ФА Премиер лигата против Виган, и последниот натпревар од сезоната. Тимот мораше да го подобри резултатот во однос на противниците Тотенхем, за да обезбеди квалификации за Лигата на шампионите.
Со резултат 2:1, и трите последователни голови на капитенот и водечкиот играч Тиери Анри, се квалификуваа, по што Анри заврши на колена бакнувајќи ја земјата, а воедно тоа беше и последниот даден гол на тој стадионот. Потоа клубот си спакува торбите и се пресели на новоизградениот стадион.
По затворањето на стадионот во 2006 година, Арсенал даде на аукција многу делови од него, вклучувајќи и делови од теренот, стативите и бирото на поранешниот директор Џорџ Грахам. Денес, со проектот познат како „Плоштадот Хајбери“, стадионот е реновиран и претворен во 650 апартмани. Северната трибина и трибините Clock End се срушени.
Екстериерите oд подолу наведената Арт Деко Источна трибина и спротивната Западна трибина се зачувани и имплементирани во новите градби, додека остатокот од структурата на трибините е отстранет. Теренот стана комунална градина, а тунелот низ кој поминуваат играчите е претворен во ходник кој води до градината. Апартманите на плоштадот Хајбери се достапни за продажба, почнувајќи од половина милион фунти, кои во моментот на објавување на овој текст стигнаа до речиси еден милион фунти.
Извор: www.amusingplanet.com