На член на ВМРО-ДПМНЕ му фалат само сендвичи од Делчево и Росоман во колекцијата

26.02.2016 16:02
На член на ВМРО-ДПМНЕ му фалат само сендвичи од Делчево и Росоман во колекцијата

Скопје, 26 февруари 2016

Ненад Тодоров, член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, е многу блиску да ја комплетира колекцијата сендвичи од цела Македонија која ја собира веќе пет години.

Тодоров од таа цел го делат само два сендвича, и тоа од Делчево и Росоман, кои инаку меѓу колекционерите важат за примероци кои се тешки за набавка и се многу вредни.

И покрај тоа што му фалат овие два таканаречени „Златни сендвичи“, тој е најуспешниот колекционер меѓу сите членови, активисти и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Изминативе години присуствував на свечени отворања, сечења на ленти и партиски собири во речиси сите места во Македонија. Сепак, додека останатите членови ги јадеа со сласт своите сендвичи на лице место, јас се откажував од моменталното задоволство и стрпливо ги собирав сендвичите. Дома ги сушев и ги ставав во мојот сендвичариум“, објасни Тодоров за Пара вести.

Тој ја искористи можноста да ги повика партиските колеги од другите градови да му се јават доколку имаат некој од сендвичите што му фалат.

„Имам дупликати од Велес, Скопје, Чешиново и Охрид, па ако некому му требаат некои од тие, спремен сум да дадам и два сендвича за еден кој ми фали“, вели Ненад и нагласува дека заинтересираните за размена можат да го најдат од 11 до 14 часот во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Извор: www.njuz.net