Дали е Грујо причина за пропаста на Македонија?

26.02.2016 17:31
Дали Грујо е причина за, или пак последица на пропаста на Македонија?

Дали Грујо е причина за пропаста или е последица на претходното пропаѓање на Македонија? Дали Груевски ја упропасти Македонија или дојде на власт затоа што Македонија веќе беше упропастена? Се разбира, овде се важни индикаторите што е пропаст а што не, но токму интуитивното разидување по ова прашање (и по дефиницијата за пропаст, итн.) е основниот извор на политичките разлики во анти-груевистичкиот спектар.

Понатаму, зборуваме за груевизам, но во која мера груевизмот е во суштина само една обична „македонштина на стероиди“? Неговите главни одлики (простотилук, лажење, насилство, непрофесионалност, коруптивност, шиканирање на неистомисленици, водење тефтерчиња и злопамтење, мислење дека „сè ти следува“ итн.) може да се сретнат насекаде низ македонското општество, вклучително и кај некои од декларираните анти-груевисти. Искрено, сметам дека борбата со интернализираниот груевизам ќе трае двапати подолго од борбата со Грујо, и ќе биде далеку покрвава, зашто вака барем тој што ни е проектиран како непријател има име и презиме. Интернализираниот груевизам многумина сè уште не го ни препознаваат.

Конечно, кога ќе падне Грујо (а се чини дека му е броено), дали ќе повторуваме „Грујо е крив“ едно 15-20 години, како што вмровците до денес викаат „Бранко е крив“? Дали ќе има простор за структурна анализа, за системска перспектива, но и за сопствена лична одговорност? Не само на оние што ќутеле и гласале за Грујо, туку и на оние кои можеби и биле анти-Грујо, ама притоа ширеле омраза, демагогија, лажеле, краделе, манипулирале - во кругот на семејството, на работа, во заедницата, итн. итн.?

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња