Пет години Радио МОФ!

26.02.2016 17:39
Пет години радио МОФ!

Пред пет години, поведени од фактот дека просторот во кој младите можат да се изразат е ограничен, создадовме медиум кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница.

Годините зад нас беа одлично искуство, исполнето со многу подеми и падови. Започнавме доста наивно, сметајќи дека водењето младински медиум е доста лесна работа. Учевме од нашите грешки и ниту една препрека не нѐ спречи во намерата да создадеме слободна младински станица. Ни требаше време за да сфатиме дека кул музика не е единствената состојка во формулата за добивање доверба кај младите. Низ годините научивме да правиме директен видео пренос од бројни настани, отстапивме простор за повеќе од 60 емисии водени од над 150 волонтери, направивме супер конференции каде што се славеше слободната мисла, создадовме тим со посветени новинари, го споделивме нашето знаење со младите од цела Македонија. Денес гордо може да кажеме дека Радио МОФ е еден од највлијателните младински медиуми.

Им благодариме на сите беа дел од роденденското видео на Радио МОФ направено во рекордно време и на сите оние кои низ годините оставија и сè уште оставаат свој печат во радиото:

Алексиќ, Дона, Бомза, Јасмина, Ози, Жаре, Емилија, Стефи, Були, Никса, Кинџо, Забрчанец, Марија, Палитов, Јована, Гиле, Дино, Цако, Викторија, Нерсес и Иво, Дапе, Марјан, Хера и Секси маало, Црвен Крст, Кате, Антонио и Субверзивен фронт, Дарко, Петар, Сања, Ивана Низам, Бисера, Борика, Живче, Психе, Ате, Маче, Весна, Диме, Гето Руди, Диди и Серџо, Јанко, Миша, Даме, Баневски, Суки, Незадолжителна лектира, Астросфера, Ајде Македонија, Раш, Саше, Ѓорѓе, Дропкаст, БитМејкСенс, Биди зелен, АИЕСЕК, Извидници, Анте, Мирчевска, Паравести и Сања, Ивица Антевски, Хаџиев, Флоријан, Шеки, Даре ДТ и уште десетици водители, стотици гости кои минале низ студиото на Радио МОФ и уште толку волонтери и помагачи!

По повод роденденот, вечерва (26 февруари) во Кино Култура, ул. „Луј Пастер“ бб со почеток од 21 часот, Радио МОФ ве кани на заедничко „џускање“. Влезот е слободен.

Извор: Радио МОФ