Географија на генијот

27.02.2016 14:04
Географија на генијот

Новинарот и публицист, Ерик Винер, во новата книга покажува дека градовите и државите кои радо ги примиле доселениците, културно, политички, и технолошки, повеќе и побрзо напредувале.

Што е заедничко меѓу Марија Кири, Никола Тесла, Алберт Анштајн и Сигмунд Фројд? Освен нивната фантастична креативност, која резултираше со инзвонредни спознанија и откритија, овие генијални умови биле и имигранти.

„Во денешните расправи за доселениците се занемарува еден значаен факт: голем број брилијантни умови процветале на туѓо тло“, пишува Ерик Винер во есејот „Тајната на имигрантските гении“, во весникот Wall Street. Новинарот и публицист Ерик Винер е познат по своите бестселери The Geography of Bliss (Географија на среќата) и Man Seeks God (Човекот во потрага по Бог), преведени на повеќе од дваесет јазици.

Неодамна Винер ја објави новата книга насловена The Geography of Genius (Географија на генијот) во која ги истражува градовите кои сплетот на историски и општествени околности, ги претворил во расадници на културниот, политичкиот и технолошкиот напредок.

Неочекуваниот прилив

„Во античка Атина, трајните доселеници кои уживале одредени права, многу допринесувале во однос на брилијантноста на тој град-држава. Ренесансната Фиренца ги имала најголемите умови во Византиското Царство. Дури и кога екстракултурниот прилив доаѓа неповикан, како што тоа се случувало во Индија во текот на британското владеење, понекогаш резултира со креативност. Така тие испреплетувања на културата ја поттикнале бенгалската ренесанса, чиј најистакнат претставник бил нобеловецот Рабиндранат Тагоре“ – вели Винер.

Креативното влијание на имигрантите е посебно важно за Америка, земјата која од времето на долгата индустриска револуција до денес е мека со креативните новодојденци. Иако денес граѓаните родени надвор од САД чинат само 13% од американското население, нивниот удел е непропорционално голем кога се гледаат најголемите достигнувања. Така, половина од американските патенти и четвртина од сите Нобелови награди се заслуги на луѓе родени надвор од САД. Тие заслуги на доселениците ги призна и американскиот претседател Барак Обама.

„Од една страна, ние отсекогаш самите себе се дефинираме како нација на имигранти, нација која им посакува добредојде на сите кои сакаат да ги прегрнат американските правила. Навистина, константниот прилив на имигранти помогна Америка да биде тоа што е денес. Научните откритија на Алберт Анштајн, изумите на Никола Тесла, големите претприемачки потфати на Ендрју Карнигеј и Сергеј Брин – сето тоа стана возможно поради имигрантите“ – изјави во една прилика Обама.

Но, во што е тајната на таа чудесна креативност на имигрантите, потпрашува Винер. Тој наведува дека преовладува стереотипот според кој „валканиот, но посветен имигрант, гладен за пари и успех, пристигнува на далечниот брег“. „Имигрантот работи тешки работи. Имигрантот го поддржува семејството пружајќи му подршка, токму како и заедницата на неговите сонародници кои дошле пред него. Имигрантот успева...“ – вели Винер.

Тој тврди дека преку таквиот клишеизиран опис може да се објасни зошто имигрантите и бегалците постигнуваат успеси во одредено подрачје. Сепак, таквиот опис не е доволен за да се опише инзворедната креативност на некој имигрант како Анштајн. На пример, четири епохални дела на Анштајн станаа „чудесни“ во 1905 година, откако од родната Германија имигрира во Швајцарија.

Креативни луѓе

Винер истакнува дека во последните години се појавија неколку студии кои нудат интересни објаснувања за екстремната креативност на некои имигранти. Тие истражувања се обидуваат да ја расветлат улогата на „нарушување на шемите“ во интелектуалниот развој на некои личности („нарушувањето на шемите“ се случува кога нашиот свет е „превртен наопаку“).

Така во 2011 година германскиот психолот Симон Ритер и нејзините соработници од универзитетот Radbout, во научното списание Experimental Social Psyhology објавиле експеримент во кој од едната група испитаници побарале да направат доручек на „необичен“ начин, а од другата група да го подготват на вообичаен начин. Потоа испитаниците извршувале некои други задачи, при што првата група секогаш била вклучена во „нарушената шема“. Се покажало дека првата група секогаш покажувала поголема „когнитивна флексибилност“, што претставува предуслов за креативно размислување.

Симон Ритер и нејзините соработници заклучиле дека секое животно искуство, од трауматично до позитивно, може да води до флексибилност и креативност, сè додека ни овозможува преминување на границите на нашите вообичаени начини на размисување.

Ерик Винер смета дека едно од објаснувањата за исклучителната креативност на некои имигранти е нивната маргиналност. Најдобар пример за тоа е „таткото на психоанализата“, Сигмунд Фројд, кој како четиригодишник со семејството се доселил во Виена, каде сè до 1913 година повеќе од половина од жителите биле родени надвор од градот. Како Евреин и доселеник, Фројд се обидел да се асимилира, но никогаш целосно не бил прифатен. Бил инсајдер-аутсајдер, доволно далеку од матрицата, за да може светот да го набљудува на нов начин, но и доволно блиску за да може да ги пропагира своите идеи.

Вториот пример е Марија Кири, родена во Варшава во семејство на полските патриоти Склодовски. Рано останала без мајка, а фрустрирана од неможноста да стекне академска наобразба во татковината, во 1891 година, на 24-годишна возраст отишла во Париз каде веќе живеела нејзината сестра Броња со сопругот, познат полски патриот.

Имигрантскиот живот на Марија Склодовска на почетокот бил многу макотрпен. Преку ден студирала, а навечер држела инструкции. Но, дипломирала физика на Сорбона, се омажила за колегата Пјер Кири со кого заедно ја откриле радиоактивноста. Таа влегува во историјата како добитничка на две Нобелови награди: за физика во 1903 година, и за хемија во 1911.

„Исклучително креативните луѓе како Марија Кири и Фројд поседуваат многу особини, но мислам дека е најважна нивната отвореност кон новите искуства“ – тврди когнитивниот психолог Скот Бери Кауфман од Универзитетот Пенсилванија.

Културни навики

Но, се чини дека „отвореноста кон новите искуства“ може да биде и двигател за креативноста на целокупното општество или нација. За таа цел, професорот Дин Симонтон од универзитетот Калифорнија, кој веќе долго време се занимава со истражување на човечката интелигенција и креативност, ја проучувал Јапонија, историски гледано едно од најзатворените општества во светот.

Проучувајќи го вториот период од јапонската историја од 580-та до 1939-та година, проф. Симонтон, во Journal of Personality and Social Psyhology ја објавил студијата за „надворешното културолошко влијание“ (имигранти или престојот на Јапонците во странство) во различни области, вклучувајќи ја медицината, филозофијата, сликарството, и книжевноста)

Притоа открил интересна корелација: колку била поголема отвореноста на Јапонија во некои периоди од нејзината историја, толку биле поголеми достигнувањата на таа земја во споменатите подрачја. „Не мора секогаш да значи дека новите идеи однадвор директно ја поттикнуваат креативноста. Но, едноставно, нивната присутност е добра и корисна. Некои луѓе почнуваат да ја увидуваат арбитрарната природа на своите културни навики и стануваат оторени кон новите можности“ – вели Сомонтон.

„Кога еднаш ќе спознаете дека постои друг начин да направите X работа, или да размилсувате за Y, сите облици на новите канали ви се отворени“ – заклучува Симонтон.
Секако, не завршуваат сите судири на различните култури на среќен начин, ниту сите доселеници се гении. „Но, наместо да се бориме со сопствените имигранти и бегалската политика , би било добро да се гледа на нашето добредојде, не како чин на љубов, туку како чин на просветителство кое ќе биде во наша корист. Кога креативноста постои, кога лебди во воздухот, сите ќе го дишеме тој воздух кој ќе влијае попотикнувачки на нас“ – заклучува Ерик Винер.

Извор: Globus

 

Слични содржини

Општество / Наука / Историја
Наука / Живот / Историја
Наука / Уметност / Историја
Наука / Историја
Општество / Балкан / Историја
Европа / Балкан / Историја

ОкоБоли главаВицФото