1015 hPa
63 %

14 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 07:59
Тодор Петров ни соопшти: „Киро Глигоров денес гние на Бутел, набргу друштво ќе му прави и Бранко Црвенковски“.
Дали мислите дека ова се зборови на еден вистински верник?
1. Ако веќе е верник, на гробиштата во Бутел гнијат земните останки на починатиот, а неговата душа се наоѓа на некое сосема друго место.
2. Ако е вистински верник, тогаш Бог е крајниот судија на човечките грешки, а не човекот.
3. Ако е вистински верник, тогаш се употребува јазикот на љубовта, а не јазикот на омразата.
4. Ако е вистински верник, световните работи му се на втор план, зад верските.
5. Ако е вистински верник, треба да има почит кон предците, а не омаловажување.
6. Ако е вистински верник, го врти и другиот образ, а не каменува.
7. Ако е вистински верник, простува, а не бара одмазда.
Ако е вистински верник.
Според изговорените зборови и направените дела, мене повеќе ми личи на чедо на сатаната, кое ги подбуцнува луѓето едни против други, кое ги корумпира, кое се богати на нивен грб, кое тежнее кон власт и моќ на земјата.
Не знам за вас верниците кои не сте ја прочитале Библијата, ама за мене атеистот кој многу добро ја имам проучено, вака ми изгледа. Можеби грешам.
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Ковачевски