Даниел Агдаг

29.02.16 19:13

Уметникот Даниел Агдаг од Мелбурн изработува фантастични модели на машини, истражувајќи ги сопствените соништа за да дознае што е она што нè демне во нашите најосновни структури, машинеријата скриена под цврстината на конкретното. Агдаг се фокусира на комплексноста на секојдневното, истакнувајќи ги брзините и системите длабоко во внатрешноста на објектите, кои ги прават нашите животи поудобни. Уметникот ги гради овие замислени скулптури од картон, прецизно конструирајќи ги објектите кои изгледаат многу потрајни отколку што за тоа зборуваат нивните вистински материјали.

„Естетски, движечката сила зад создавањето на овие дела произлегува од потребата да се видат и да се замислуваат објекти, машини и средини, на начинот на кој јас би сакал да ги видам, да замислувам како мислам дека тие работат, и да ја изложам нивната внатрешна работа“ – вели Агдад. „Многу често, најневеројатните подвизи од областа на инженерингот се чуваат скриени и маскирани под сјајните фасади или армираниот бетон.“


Главна инспирација за летечките бродови на Агдаг е неговата мајка која мигрирала сама од Европа во Австралија. Скулптурите го романтизираат чувството да се биде сам на небото, да се плови во непознатото, со несигурност за тоа какви непредвидливи авантури ве очекуваат. „На овие летечки бродови гледам како средства со кои би можело да се побегне, како обид да се премине некаков јаз, да се биде капетан на своето патување“ – вели Агдаг.


Извор: www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото