1029 hPa
74 %

-3 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 00:59
Скопје-Шипковица, 2 март 2016
Коалиционите партнери Никола Груевски и Али Ахмети најавија дека по наредните избори, во случај да победат, ќе изградат 100-метарски тендер.
Овој проект доаѓа по иницијативите за изградба на 50-метарски крст во Бутел и 50-метарски јарбол со албанско знаме во Сарај.
„Видовме дека поради овие две иницијативи настана одредена тензија меѓу граѓаните од албанска и македонска националност, па затоа се решивме за проект кој ќе биде обединувачки“, изјави Никола Груевски за Пара вести.
Тендерот ќе се гради на непозната локација, а непозната ќе биде и точната милионска сума, бидејќи, како што велат Груевски и Ахмети, нема потреба граѓаните да се вознемируваат.
„Видовме дека двата 50-метарски проекти ги разгореа страстите, па нема потреба дополнително да го вознемируваме народот со 100-метарскиот тендер. Граѓаните знаат дека јавните пари се на сигурно, и оние на Македонците, и оние на Албанците“, вели Ахмети.
Според сознанијата до кои дојдоа новинарите на Пара вести, можно е висината како и цената на тендерот да биде зголемена со повеќе анекси, за доброто на граѓаните на Македонија.
Слика: Свирачиња