Алиса

28.04.2010 12:38
Алиса

Станува збор за ликот од двете книги на Луис Керол, и за реалниот лик со исто име и презиме Лидел, на која првин книгите и’ се раскажани, а потоа и посветени. Неверојатната фантазија на Луси Керол, чие вистинско име било Чарлс Лутвиџ Доџсон (1832-1898) извирала од неговото огромно знаење: бил професор по математика, по логика и фотограф. Во Оксфорд, каде живеел и работел, се спријателил со семејството на познатиот професор и стручњак за антиката Хенри Лидел, и во пријатното дружење со неговите деца, посебно со Алиса, ги напишал класичните дела кои повеќе од еден век се предмет на восхит и анализи, и се далеку од конечното толкување.

Имено, Керол ги здружил своите логички и математички знаења, тематски ги впишал во играта како што се картите и шахот, и на сето тоа му додал бајка, фолклор, фантастика, биологија, ботаника и еден свој исклучително визуелен свет, поврзан со сосем новиот начин на израз – фотографијата. Керол страдал од епилепсија, го измачувале главоболки за кои еден од популарните лекови во тој период бил опиумот. Конфузијата со димензиите, која толку често се појавува во неговите текстови, психијатрите ја нарекле „синдром на Алиса во земјата на чудата“. Постојат малку книжевни дела за деца кои се толку популарни меѓу возрасните: Алиса овде се натпреварува единствено со Вини Пу.

Исклучителноста на делото на Керол се состои во тоа што го поставува прашањето на животот на интелектуалецот, и смислата на занимавањето со наука. На преморените мозоци им предлага игри за одмор, и здрава доза фантазија или лудило; неговата слика на науката е неавторитарна, без надуеност, лажна сериозност и хиерархија. Колку за пример, појавата на мачката која исчезнува (чеширската мачка) е можеби симболистичка фигура за науката, која никогаш не е насочена кон центарот, односно „вистината“, туку кон рабовите, границите, каде го проширува знаењето – и со тоа секогаш ги дестабилизира постоечките „вистини“, се појавува без најава, исчезнува исто така без најава, поставува клучни логички прашања кои водат во креативен сомнеж. Керол од популарниот лик на англискиот фолклор создаде нешто сосем ново – што потоа продолжи да создава ликови во популарната култура, па дури и во јапонските манга стрипови.

Алиса доживеа бескрајно многу верзии во театарот, дури и како опера, во стриповите, во цртаните и играните филмови. Верзијата која ја направи Волт Дизни во 1951 г. е една од најуспешните, бидејќи експериментира со модерните уметнички движења, посебно со кубизмот. Тим Бартон, американскиот режисер познат по склоноста кон сето она што е „готско“, пред некое време на светот му ја покажа својата верзија (филмот се појави во март 2010).

Филмот на Бартон ја прикажува пораснатата Алиса, која на денот на својата веројатна веридба повторно се спушта во светот на своите соништа од младоста. Авантурите на Алиса, кои не се одвиваат во светот на чудата, туку во Долниот свет (Underworld), толку се променети што пред себе имаме млада жена која решава за својата судбина: има повеќе насилство, крв, борби, акција, а Лудиот шапкар можеби е слика на некој иден сексуален интерес... Накратко, светот на фантазијата е „напумпан“ до таа мерка која му одговара на американскиот популарен вкус. Забавно, колку-толку подносливо, приказната може да се следи, но има загрижувачки лажен почеток, кој на крајот експлодира во застрашувачки крај: се работи за фалсификат од огромни размери, за подмолна измама која може да ги затруе сите оние кои не ја читале книгата пред да го гледаат филмот на Бартон. Јас би го тужела Бартон во UNESCO поради напад на светското културно наследство!

Имено, не се работи само за прилагодување за широката публика, туку и за подмолна политичка и идеолошка манипулација.

Во филмот, таткото на Алиса е прикажан како мечтателски и нежен родител, и истовремено иновативен деловен човек, чии амбициозни планови се прекинати од раната смрт. Семејната ситуација е таква што Алиса треба да се омажи за синот на партнерот на нејзиниот татко. Тоа што семејството на Алиса живее во Лондон е помалата лага: пострашната лага е таа за нејзиниот татко. Вистинскиот татко на Алиса бил Хенри Лидел, оксфордски професор и декан на колеџот Крист, заменик-канцелар на оксфордскиот универзитет, но над сè, соавтор, заедно со Роберт Скот, на грчко-англискиот речник, кој и денес претставува главното орудие на сите оние што студираат, преведуваат или се занимаваат со антиката. На мојата маса се наоѓа тој речник, на посебен подметнувач, бидејќи тежи околу 7 кг. Овој речник на таткото на Алиса и’ донел приход со кој можел да ги реновира скалилата во својата куќа. Тие скалила се појавуваат во семејниот фолклор и во прозата на Керол. Во филмот на Бартон, Алиса на крајот се стекнува со самосвест, ја одбива веридбата, и се договара со таткото на несудениот свршеник за својата иднина.

„Новата“, ослободената Алиса, на стариот трговец му предлага план за пробив во новите, сè уште неколонијализирани простори, и трговија која ќе донесе големата заработувачка. Тој нов простор е Кина. Освојувајќи ја фантазијата, иновативноста и храброста, Алиса станува колонизаторка и капиталист – но тоа сè уште не е крај на богохулењето. Британската колонијлна политика во Кина, уште од 18-от век, благодарение на политиката на Источната компанија, продирала во Кина со тоа што полузаконски продавала опиум од Индија. Постепената контрола на производството и продавањето опиум од Индија во Кина, каде локалните власти го забранувале, довела до постепена колонизација на Кина, создавајќи вистинска социјална катастрофа, поради навлекувањето на населението на опиумот. За време на 19-от век избувнале неколку опиумски војни. Кон крајот на истиот век, побуната на домаќините се развила во крвавото „боксерско“ востание (наречено така поради западното сфаќање на тајните друштва за одбранбени вештини) против сите западњаци – вклучувајќи ги и Русите. Ако некој колонизаторски процес може да се нарече нечесен, тогаш освојувањето на Кина секако спаѓа во таа група. Колонизаторите несвесно внесувале и болести, но опиумот бил внесен како дел од планот.

Алиса на Бартон, која оди да ја освои Кина за англиското колонијално тргување, не се двоуми за тоа што ќе прави: неа ја води пеперутката, некогашната гасеница, која на џиновските печурки од чудесниот свет пушеше на наргиле – речиси сигурно опиум. За разлика од Кина, опиумот бил еден вид моден лек во викторијанскиот период: го пушеле поетите или замислениот Шерлок Холмс...

Признавам дека на мене најлошо делуваше отворената дрскост на Бартоновата визија за што треба да послужи индивидуалната слобода, фантазија и ум кои ја искусиле лудоста. Тоа е безрезервна пофалба на капитализмот, без обзир и граници, без грижа за можните жртви, уништувањето на другите култури и нивните жители.

Можеме да замислиме дека можеби и Луси Керол ја имал истата безгрижност што се однесува до колонијализираните: но во неговите книги толку често е присутно почитувањето на другиот и почитувањето на сите облици на живот, што мораме да се посомневаме во тоа дека неговата цел била од мечтателските деца да создаде добри капиталисти. Девојките сигурно не биле предвидени за академска кариера: Керол сакал за нив да остави простор за слободните и весели мисли кои се еднакви на академските – во моќта на разбирањето и објаснувањето на светот – и подобри од неа во протестот кон насилството, во препознавањето и борбата против баналноста во тренингот за непрестајна иронија и критика. Сето тоа Тим Бартон го урна во заводливата пропаганда на бруталните интереси на капиталот, кој е претставен преку забавната и умна девојка.

Не се работи за грешка или грев, станува збор за културно злосторство – и затоа го споменав UNESCO.


Извор: Peščanik.net

интересно видување....

интересно видување....

Ступидна рецензија од една

Ступидна рецензија од една навистина добра авторка.
Да се обвини Бартон за лага, затоа што реалниот татко на Алиса наместо како професор кој од својот речник финансирал скали, е претставен како мечтателски татко -  е тотална небулоза! Точно е дека има идеолошка манипулација, суптила, повлечена, но ја има, па што? Ја има во 99 отсто филмови, но кој гледа филм, научил дека филмот е идеолошки медиум. Алиса не израмнува историски трауми, но барем фер ги изложува. Токму идеолошки, храброст е Алиса да се порасне во филмот и тоа така како што пораснале сите деца што ја читале, до самосвесни капиталистички говеда, што веќе не ја жртвуваат својата слобода за лош брак, туку светот за повеќе личен кеш. Не е покајувачки и педагошки, но барем историски е точно.
Освен што Алиса на Бартон е мало ремек дело: многу добар филмски јазик, брилијантна Кралица, а особено храброст да се хомогенизира приказната без при тоа да се жртвува апсурдот (Дизни не беше ни приближно добар во оваа ужасно тешка задача), да се носи Бартон пред УНЕСКО, а при тоа да се фаворизира Дизни, значи да се биде скаран со историјата на идеолошките адаптации. Какво тек културно злосторство направи Дизни од Грим, Андрерсен, и секој еден што раскажа добра приказна во последниве 100 години?
По глупавата анализа на Аватар од Жижек, ова е втора ваква од Словенија. И многу дрвење за идеологии во уметноста, по некое време станува замка по себе, или нешто друго им се случува таму на север?
 
 
 

Јасна ме поттикна да го глеам

Јасна ме поттикна да го глеам филмот. Мада, за Бартон иам скоро па катастрофално мислење: ноторен холивудски кичерај (што не значи дека немал ѕвездени моменти, ко и Дизни што имал - не е толку безвезе, Јасна, споредбата Дизни-Бартон - ко Спилберг што имал - уште еден од симболите на „фабриката за сништа“).

Жижек и Слапшак (текстов стварно и’ е плиткичок) можеби страдаат од безмилосните императиви на капитализмот: што повеќе продукција на текст (на шум, кој апокалиптично го прекрива целиот предел). Дури и монасите (од сите фели) со своето бруење (&звончињата:) се придружуваат кон текстуалната (с)плетка која го прекрива светот ко пајажина (ко електронското мрморење на птиците, на крајот од „Птици“, смислено од генијалниот композитор на Хичкок, Херман).

Идеологијата ко амбиентална музика?! Што знам...

Apsolutno go poddrzhuvam

Apsolutno go poddrzhuvam viduvanjeto na avtorot kon bartonovata adaptacija na Alisa.
Nastreana delot so kapitalizam i izoblichuvanje na vistinata, tuzhbi pred unesko...
Filmot e odlichno snima, fenomenalno dobro sapkuvan, ama mu fali glavniot del. Mu fali ona shto mene najvekje me privleche i me privlekuva pri sekoe chitanje na Alisa od Luis Kerol : apsurdot i bessmislenosta na celata prikazna. Barton tolku se ima zaneseno vo priakzhuvanje na edna klasichna Dizni-prikazna (so vechnata borba megju dobroto i zloto, herojska potraga i site drugi klasichni elementi), shto skoro sosema go iskluchuva portretiranjeto na likovite, na konkretni situacii i nastani koishto pravat da Alisa bide kultna kniga.

Коља, гледај го прво филмот -

Коља, гледај го прво филмот - Слапшак звучи како исфрустрирана Есма Реџепова, а не ко страдалник од бесмислените капиталистички императиви :-) Делот во кој се зборува за „фалсификат“ е реченицата со која си ја вреѓа сопствената интелигенција како никогаш претходно. Се бунтува против „фалсификат“ во име на што?! Плагијат? (кој нема да се чита туку гледа). 
Прво и основно, да се гледа Алиса на Бартон и да се очекува книгата од А до Ш, е да не се верува во интерпретативната и надополнувачка моќ на уметноста. Оваа Алиса не е Алиса на Керол, оваа Алиса е сиквел. Да му се пристапи на филмот со поинакво очекување е да не се има имагинација. Тужењето пред Унеско е неверојатно исилен обид да се потенцира незадоволство од филмот.
како и да е, и мене не ми се бендиса филмот. Но не поради приказната и сублимираните капиталистички пораки - има право и Бартон на тоа, како што имал и Керол. Не ми се бендиса поради лошо извајаните карактери - Деп е исилен во креирањето на својот лик исто како Слапшак, добрата кралица е неверојатно неодредена, крута и неумешна во доловувањето на карактеристиките кои се потребни за да се „идентификуваме“ со неа. 3Д ефектите се исто така под ниво, и на технологијата и на креативноста. Алиса е порасната, но не е пораснат филмот, т.е. начинот на којшто е спакуван, и затоа е лош филм. Слапшак се труди да пронајде нешто повеќе во тоа, и резултира со површен текст, оти едноставно, нема материјал за копање на нешто позначајно (ниту идеолопки ниту уметнички), да имаше, и да имаше бартон извајана цел (капиталистичка) како што таа сугерира, ќе имавме и подобар филм.
 

Го изглеав филмот, вечерва...

Го изглеав филмот, вечерва... Више-мање се согласувам со последниот коментар: филмот е лош, плиток, површен (3Д ефектите само ја засилуваат површноста и илустративноста), сценариото е тенко, без сила да влече напред (ради тоа ги ставиле супер досадните делови со борби и трчања), а глумците се само маски, уште една ситна тезга за крупна лова (Алиса е сосема иста целиот филм, без никаков драмски развој на карактерот, помртва е од сите нацртани бубачки внатре), Џони Деп е скоро па карикатура на посреќните денови од соработката со Бартон, белата кралица е слично неизградена ко Алиса, црвената кралица чат-пат пружа некаков актерски живот, ама и таа улога е една од послабите на Бонам Картер...

Има ли филмот добри страни?! Можеби шминката? (усните карминирани ко срце ме бендисаа:) Костимите? (мада мислам дека и тука претерале, дека и покрај амбициозноста, Алиса цело време е погрешно облечена, иако се труделе околу неа очигледно, барем низ костимите да и’ даат карактер, коа веќе глумицата е рамна ко пегла во изведбата). Можеби арт алузиите?! (Црвената кралица ко да е извадена од сликите на Реј Цезар... Мада и на тој план филмот на Дизни е супериорен, со референците на кубизам, за разлика од хронично кичерајски расположениот Бартон).

Филмот е доста женски и тоа ваљда му е доблест, мада и женскоста е доста плакатска, агитаторска, самодоволна...

Можеби е доблест самокритичноста на Бартон, ако си дозволиме такво читање (кое го сугерира и Јасна): „фантазијата служи за праење лова, еве конечно да си признаам“, ко да вели крајот на филмот (особено популистичката, налицкана фантазија која повеќе е психолошка манипулација отколку продор во стварно други светови)...

Бартон е тапа, со еден збор, и тоа одамна... Дури и еден Спилберг делува ко автор со опус и кредибилитет во однос на Бартон... За Дизни да не зборам... Бартон би можел да украсува плоштади и да се бави со урбанистичка хортикултура (ко во Едвард Клешторакиот) - тоа е таков тип „фантазија“, слаткаста, малограѓанска и во крајна линија трговска, касиерска...

Коља, не го познавам опусот

Коља, не го познавам опусот на Бартон, освен Бетмените, но таа естетика на Чарли и чоколадната фабрика, Свини Тод, ми е тип на дегенерирање, некој грч пластифициран до детска тескоба и искрено ми е одвратен. Урбаната архитектура ти е добар инстинкт. Гауди е тоа, кај него човекот не е мерило за убавото, туку детето, кое е секогаш трул, најнизок естет. Но баш затоа Алиса на Бартон заслужува внимание, тоа е комплексен однос.
 
Ако дете ја фати Алиса, таа е негов свет, нема драма, но тврдам и нема симпатија. Но, ако возрасен ја фати, таа е редовно предмет на филозофски трактати, како кај Делез, логички анализи, секакви префинети операции со кои возрасните глумат дека се снашле во тој млак воздух (возрасното лицемерие кон Керол). А Бартон е фер лицемер, од јака верба, и под принуда јавно да покаже друг однос, не го напуштил односот што го имал, комотен со својот пласичен порок. Со секоја возрасна тема, Бартон би бил детски Гауди. Ама со Алиса, е конечно подобрен Делез. 
 
Најтупо речено, Бартон од Алиса во дупката, престана да прави драма, и направи линеарна приказна, која Керол ја оптовари, самиот оптоварен од односот кон децата на својот декан. Традиционално, односот кон Алиса е револуционерен, но обземен од ужасот да не ја повредат, баш ради желбата. Тоа Керол го почна, педофилска растрепереност пред можностите на детето. Додека вистината е дека ниедно дете не ужива во Алиса, Алиса станува битна ради таа пост-детска опсесија со детското што напуштило. Кога возрасен ја чита Алиса денес и додава уште повеќе тракатанци и од самиот Керол, уште повеќе апсурд, повеќе тенџериња и карти (Дизни), повеќе филозофија, математика -  ја преведуваат Алиса. Требаше полужена како Бартон да го ослободи Керол. Дизни го претрпа - ни прв, ни последен. Бартон направи тупа, чиста линија, фина маска, рамно враќање, враќање како возрасна (ова можеше дури во посткултурава на селебрити треш, нема веќе романтично калибрирање на децата) што па парадоксално ги ослободи баш децата од тој злотворен романтизам, а богами по век и пол некој и самиот Керол да го тргне од таа вековна педофилска дупка.
 
Не само идеолошки, и естетски Бартон има право на одбрана. Нема ништо повеќе малограѓанско кај Алиса на Бартон, одошто кај Дизни, само разни степени на стравови пред идолите. Немам против да земеме чекан и да им ги маваме и кршиме чела, ама тогаш на сите, од Грим до Бартон, од Гилгамеш до Дада. Се е тоа поетика на малограѓанштината, секакви обиди за ускладено сихнронизирање со тупоглавоста на децата, доследно и морално, генерациски трансфер. А и Бартон полужена, храбро влегува и го руши тоа синхронизирање, да речеме, ги руши придодадените лаги од тој однос, таму дури и нема деца. Не е милениумски филм, што и не е важно, ама е свеж обид.
 
Ко ќе размислам, детето Исус би било сума на овој процес :)