Протест против (не)уставните судии кои ја попречуваат правдата

04.03.2016 13:33
Протест против (не)уставните судии кои ја попречуваат правдата

АЈДЕ – Платформата за граѓанска политика ги повикува сите слободоумни граѓани и граѓанки на Република Македонија масовно да учествуваат на саботниот протест пред зградата на Уставниот суд, во 13 часот.

Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние, граѓаните на оваа држава, нема да престанеме да протестираме сè додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка.

Судиите Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, не само што се „гробари“ на Уставот, туку се и соучесници на власта во попречувањето на правдата.

Бидејќи попречувањето на правдата е сериозно кривично дело, едногласно го поддржуваме предлогот на Специјалното јавно обвинителство тоа кривично дело да биде што е можно побрзо воведено во правниот систем на Република Македонија и најстрого санкционирано.

Петтемина судии се само продолжена рака на партијата на власт и соучесници во изборните кражби, затоа што причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ е повеќе од очигледна.

Граѓанки и граѓани, ајде сите в сабота, 5 март, во 13 часот да се собереме пред Уставниот суд и да порачаме:


НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!

ОкоБоли главаВицФото