Разгледници од предвоена Јапонија

04.03.16 14:39

Разгледниците можат да понудат еден фасцинантен увид во времето кое веќе одамна поминало. Дигиталната колекција на Јавната библиотека во Њујорк го објави изборот на разгледници од Јапонија од почетокот на 20 век. Се состои од рачно обоени фотографии, фотографски пејзажи кои ја прикажуваат земјата, особено регионите Токио и Јокохама, како и културата, во време во кое го достигнувала врвот на модерноста.

Каналите на Јокохама, 1922

Сликите на разгледниците претставуваат живописни места во кои е нагласена богатата историја на земјата. Од раздвижените места за забава до прекрасни цвеќиња и расцутени цреши, оваа колекцијата на фотографии може да се чита како љубовно писмо до стара Јапонија. Луѓето на фотографиите носат традиционална облека, а западната култура сè уште не го направила своето општествено влијание.


Расцутени цреши во Мукоима, Токио, 1907-1918

Голем дел од фотографиите датираат од 1907 па до 1922 година. Овој податок е значаен, бидејќи кажува дека некои од нив се направени непосредно пред големиот земјотрес во Канто во 1923 година, со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала, кој е најголемата природна катастрофа која ја погодила предвоена Јапонија. Земјотресот бил толку моќен што ја поместил статуата на големиот Буда која тежи околу 93 тони.

Големиот светилник Сумијоши, Осака, 1907 - 1918

Светилиштето Наканошима, во Тојокуни, Осака, 1907 - 1918

Сто камени скали, Јокохама, 1907 - 1918

Паркот Асакуса, Токио, 1922

Театарската улица, Јокохама, 1907 - 1918

Ханајашики, Асакуса, Токио, 1907 - 1918

Градина со Ириси во Хорикири, Токио, 1907 - 1918

Михото и Инукимон, Нико

Пагодата Тошогу, Нико

Омотемон, Кјото

Нихонбаши, Токио, 1922

Извор: www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото