Загрепска населба станува креативна зона

05.03.2016 17:09
Загребска населба станува креативна зона

Новиот фестивал Design District Zagreb и поширокиот истоимен проект ќе се афирмираат како креативна населена зона во источниот дел на градот околу улицата Мартиќ, која граничи со улиците Шубиќева, Звонимирова, Рачкова, Драшковиќева и Влашка улица.

Кулминација на проектот ќе биде четиридневниот фестивал кој ќе трае од 16-ти до 19-ти јуни, наменет за поширок круг на граѓани и туристички посетители, а континуирано ќе се одвиваат и други бројни активности, со цел за долгорочно подобрување на квалитетот на животот на жителите на населбата.

Croatian Design Superstore

Design District Zagreb е повеќеслоен мултидисциплинарен проект кој е создаден со идејата комуникациски да се обединат сите постоечки креативни иницијативи концентрирани во тој дел од градот. Намерата е да се стимулира изградбата на „креативни зони на Мартиќева“, првенствено преку вмрежување и соработка на засегнатите страни на постоечката локални сцена и зајакнување на нивните капацитети, како и преку заживување на бројни неискористени простори, и поттикнување на создавање на нови постојани и привремени содржини.


Во програмата на Design District Zagreb активно ќе учествуваат и засегнатите страни на креативната заедница од квартот, меѓу кои се издвојуваат: книжевниот клуб (и пионер во соседството) Books, книжарницата Библиофил, галеријата Мирослав Краљевиќ и Галерија 3.14, архитектинската куќа Oris, просторот за соработка Impact Hub, производителите на дизајнерски мебел Prostoria и Grupa Products, производителите на дизајнерски очила Sheriff & Cherry, ателјето Owl на Лидија Бошевски, архитектонските канцеларии Пенезиќ и Rogina, архитектите од MVA Микелиќ Вреш, архитектонските студија Matrica, Dva Arhitekta; дизајнерското студио Grupa, Fiktiv, Kuna Zlatica, Superstudio, угостителите Blok Bar, Mak na konac, Mali bar, кафетеријата Divas Bistro, факултетот Едвард Бернајс, Design Hostel 63 и дизајнерскиот апартман Svimi, продавниците за дизајнерски мебел Studio Haramina и Planeta Moderna. Покрај тоа, проектот ќе вклучува и мали занаетчиски активности, од страна на чевларската работилница A Shoo и цвеќарницата La Marco, кои храбро се издвојуваат со неконфекциската понуда“ – вели Ира Пајер, авторка на концептот и креативна директорка на Design District Zagreb.


Организатори на Design District Zagreb се Croatian Design Superstore и Дизајн Центар Загреб. Проектот се одвива во соработка со туристичката заедница на градот Загреб, односно градското биро за стратешко планирање и развој на градот, со поддршка на Друштвото на хрватските дизајнери, Друштвото на архитекти на Загреб и Здружението на хрватските архитекти.
Организацискиот тим на Design District Zagreb

Фотографии: Марија Гашпаровиќ

Извор:pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото