Граница

07.03.2016 13:21

Сакам да одам од другата страна на реката

Водата ја промени бојата на небото,
и ме промени мене
Пловам
додека мојата сенка стои на брегот
како дрво удрено од молња

Сакам да одам од другата страна на реката

Меѓу дрвјата од другата страна
осамен гулаб се исплаши
и полета кон мене

Превод од англиски: Никола Маџиров

Беи Дао (вистинско име Zhao Zhenkai), кинески поет роден 1949. Средно училиште завршил во текот на „културната револуција“; 11 години бил вработен како физички работник, а потоа како уредник во главното кинеско списание за Есперанто. Од Кина емигрирал во 1989. Од 1970, во рамките на „ранетата книжевност“, пишува за „изгубената генерација“ и за судбините уништени во текот на „културната револуција“.

Критичен и ироничен набљудувач на затвореното општество, славата ја стекнал со песни во кои скриената смисла и филозофската димензија го оддалечуваат од главната линија на кинеската поезија и го вредуваат во „школата на мрачните поети“. Преведен е на повеќе од 30 јазици. 

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото