Градинка инспирирана од детски цртежи

07.03.2016 18:03
Градинка инспирирана од детски цртежи

Архитектите од архитектонското студио COBE од Копенхаген, дизајнирале градинка според модел од едноставен детски цртеж со куќи со шпицести покриви. Откако победиле на натпреварот за дизајн во 2011 година, добиле дозвола да ја дизајнираат Frederiksvej Kindergarten во соработка со архитектот и пејзажист Пребен Скаруп, инженерот Сорен Јенсен, и бирото за консултантски услуги Learning Spaces .

Архитектите од студиото COBE дизајнирале цел комплекс објекти со мулти-функционални структури направени од метална мрежа, кои овозможуваат преку нив да филтрира колемо количество светлина.


Повеќе околу инспирацијата која стои зад овој дизајн, архитектот Ден Стабергард објаснува: „Работевме на идејата да создадеме едноставен израз, нешто налик на карикатура за тоа како едно дете може да нацрта куќа. На пример, под покривот е вградена скриена канализација и има прецизни материјални врски, а прозорците се внимателно дизајнирани за однадвор да игледаат како да немаат рамки.“

Извор: www.ignant.de