Балканизмот го убива секој обид да станеш модерна жена

08.03.2016 02:45
Балканизмот го убива секој обид да станеш модерна жена

Дороти Пачкова е македонска сликарка, активистка и борец за правата на жените. Таа е иницијатор и администратор на групата на Фејсбук „One can“ којa ги собира заедно самохранитe мајки во потрага по взаемна помош и поддршка, а и самата ѝ припаѓа на таа група. Како и многу мајки во Македонија, без оглед на причините зошто тие станале самохрани родители, и таа знае најдобро како е да се биде таков родител во нашето општество. И мајка и татко и пријател и заштитник и единствен извор на приходи и безбедност.

 

Минатата година започнавте со формирање на групата за поддршка „One can“, како група која треба да им помогне на самохраните мајки? Колку таа група навистина им помогна?

- Grass, roots (Корени, Трева) е мојата најомилена дефиниција за „One can“. Чувството на припадност е многу важно за секое човечко суштество. Да се биде опкружен од страна на жените кои водат слични битка е корисно за секое од овие женишта, како што сакам да ги нарекувам. Во оваа самоорганизирана група се приклучуваат самохрани мајки и жени кои се погодени од таа соостојба, а кои имаат сензибилитет или стручност да помогнат. Секој член на оваа група е подеднакво важен. Ние си помагаме едни на други најдобро што можеме, и сме си достапни за сите членови со сите податоци. Активен член е оној кој интерактивно учествува во креирање и изградба на групата и придонесува за нејзиниот просперитет. Не е потребно да се даваат извештаи, сè тука се заснова врз взаемна доверба. Партиципативно се организираме, сите членки рамноправно донесуваат одлуки и заеднички ги избираме сите идни чекори.

Што е најголемиот проблем со кој се соочуваат самохраните родители?

- Нема најголеми проблеми, туку постојат безброј нешта кои прават да биде невозможно нормалното функционирање на семејствата со еден родител во Македонија. Почнувајќи со регулаторните и законските рамки, постои недостаток на соодветна законска регулатива за специфичните потреби на овие семејства, недостаток на институционална поддршка, проблеми со домувањето, работничките права на самохраните мајки, образовните права на децата од такви родители, на перцепција на културнтаа заедница кон самохраните родители и неколку предрасуди со што се „камшикуваат“ нашите најблиски, секако, и мајките и нивните деца.

Која е половата разлика во општеството, кога станува збор за еден родител кој се грижи за децата?

- Во нашата област, самохраното родителство, без разлика од каков било вид или контекст потекнува оваа позиција, во речиси сите случаи, се подразбира дека тоа е во рацете на жени или мајки. Во многу случаи, кога детето е оставено со својот татко, очигледно е дека главно обврските се пренесени на најблиските роднини - мајката, сестрата или слично.

Со какви административни пречки се борат самохраните мајки во однос на здравственото осигурување или пристапот до работното место?

- Во согласност со специфичниот начин на живот на семејствата со еден родител, потребно е да се создаде институционална рамка и правен механизам што може да придонесе за ваквите семејства да можат да ги остварат нивните основни човекови права и потреби. Здравственото осигурување на некој начин е регулирано, но еден од клучните проблеми е вработувањето. Економскиот терор, економското насилство што системот го врши во текот животот врз една самохрана мајка во оваа земја е неопислив. Приоритетот за вработување е научна фантастика, како и работата со скратено работно време, времето за боледување или одмор е категорија која никој не ја зема предвид.

Дали постои притисок врз Здружението на самохрани мајки? Има ли стигма, потценување?

- Патријархатот има длабоки корени на Балканот. Тоа го убива секој обид за независност и зајакнување на модерните жени во Македонија, дури и во најурбаните делови од земјата. Машкиот начин на размислување се користи како средство за дисциплинирање, бара вие засекогаш да останете под достоинството на животот. Колку што жените го имаат овој проблем, толку тоа е и проблемнза мажите. Репресијата и притисокот што конзервативизмот го бара преку своите моќни алатки во форма на сексизмот, мизогинија, стигматизација и отфрлањето на било какви разлики, се однесува на обата пола и не им дозволува да уживаат во предностите на тоа, ниту пак да се развијат во здрави лица кои ќе се залагаат за доброто на нивните потомци и за општото добро.

Дали некогаш во вашиот живот сте се почувствувале дискриминирани затоа што сте самохрана мајка или сте биле стигматизирани во општеството на некој начин?

- Околу милион пати сум го почувствувала тоа на своја кожа. Чувствувам и знам дека ќе го чувствувам тоа и во иднина. Тоа се синџирите на нашето општествено гниење, во различни форми. Од отворените ставови кои ве шамараат навистина и директно, преку тактики кои суптилно и тајно го прават тоа, сè до несвесната матрица и научените начини на воспитување.

Колку е можно да се направи рамнотежа помеѓу работата и семејството за кое се грижи самохран родител?

- Секое живо суштество носи потреба од баланс, потреба да има за себе простор и за живот и за креативност, потреба да се справи со сложените ситуации. Во нашиот контекст, секоја самохрана мајка е чудо само по себе. Се запознав со толку многу жени кои не се предмет на никаков смрдеж или мизерија, но уште повеќе самохрани мајки кои ги губат своите глави пред дневните обврски, се борат за да се докажат во својата кариера, со цел да се обезбедат себеси економски, но пред сè се обидуваат да ги исполнат воспоставените стандарди кои стојат пред жените (да бидат домаќинки, добри мајки, да се фер, мирни, тивки, чисти, невини ...), бидејќи во спротивно лошо им се пишува, ним и на нивните најблиски. Да се најде рамнотежа на Балканот, тоа е тешко за кој било човек, а камоли за самохрани мајки.

Кои општествени промени се потребни за подобрување на состојбата на самохраните мајки?

- Во Македонија, избалансиранте нови закони се неприменливи во пракса, пред сè заради дупките и разликите во подзаконските сегменти, но, исто така, бидејќи културниот и патријархалниот догматизам не дава простор за развој на родово сензитивниот дискурс. Примарната битка ја водиме во врска со отсуството на институционална поддршка во форма на заштита на децата во таквите семејства, неспособноста на жените да учествуваат на пазарот на работна сила, проблемите со домувањето, превенцијата од семејно насилство со психотерапевтска поддршка, понудено образование, достапноста на правна помош и услуги и, конечно, присуството во политичкиот и општествениот живот. Сето тоа во целина укажува на недостаток на засолништа и безбедни куќи. Авто-цензурата, наметната вина, недостатокот на ресурси за обука и јакнење на свеста и недостаток на многу други основни човекови права се само дел од проблемите во секојдневниот живот на самохраните мајки во земјата.

Извор: Глобус, 8.03.2016.