Млада мајка го дала синот на посвојување зашто ѝ носел малку лајкови

09.03.2016 04:37
Млада мајка го дала синот на посвојување зашто ѝ носел малку лајкови

Скопје, 9 март 2016

Каролина Лазаревска од Скопје веќе подолго време им се жалела на пријателите дека нејзиниот двегодишен син Ненад не носи лајкови на Фејсбук колку што мислела дека ќе ѝ донесе. Иако пријателите сметале дека станува збор за минлива постпородилна депресија. Каролина денес ги изненади со информацијата дека ќе го даде синот на посвојување.

Кога го родила Ненад, таа била среќна бидејќи повеќе нема да мора да се фотографира полугола на Фејсбук и така да ја добива потребната количина лајкови, туку ќе се посвети на фотографирање на бебето.

„На почетокот сè беше супер. Првата слика од Ненад доби 400 лајкови. Толку не доби ни сликата од матура на која беше тагнат цел клас“, раскажува Марија, пријателка на Каролина.

Наредните месеци Каролина објавила стотици слики од синот, но сепак, по извесно време бројот на лајкови почнал да опаѓа. Ненад секој ден станувал сè поголем и не толку сладок како во првите месеци. Не помогнало ни тоа што под сликите коментирала во негово име со многу гугање и лошо изговорени зборови.

„Работите го достигнаа врвот минатата недела, кога на првиот ден во градинка Ненад доби само 27 лајкови. Сепак, никој не се надеваше дека работите ќе отидат толку далеку“, вознемирени се пријателките на Каролина кои ѝ сугерирале да се премисли, бидејќи Ненад наскоро ќе почне да зборува, а секое негово прашање е можност за нов статус на Фејсбук.

Извор: Sprdex