Моника Рохан

10.03.16 03:21

Лебдечката трансцеденција и вкотвениот реализам се подеднакво присутни карактеристики во сликите на Моника Рохан. Инспирирана од руралната идила од периодот на детството поминато во југоисточен Квинсленд, и интересот за романите на 19 век, Рохан прави рефлексии на жанрот на автобиографијата низ една мистериозна форма на автопортрети.

Давајќи ѝ целосна слобода на нејзината имагинација, Рохан претставува женска фигура во различни емоционални улоги и физички состојби. Користејќи го просторот како впечатлив пикторесен предел, уметницата Моника Рохан својот женски субјект го поставува во авантуристички сценарија, па може да се види како бескрајно лебди или паѓа, се искачува, лежи, лови или се крие.


Чувствителноста на Рохан кон нејзината околината е евидентна во внимателно компонираните дела, кои ја откриваат љубовта кон моделот, светлината и бојата. Бојата одразува еден луциден квалитет, а декоративниот потенцијал на текстилот и бујното зеленило се симболи со специфично значење.

Во нејзините слики, кои на прв поглед делуваат невино и чудно, сепак постои некоја мистична интригантност. Кога гледачот ќе се задлабочи во нив, се чини дека изолацијата и човечката слабост го засенува замислениот копнеж на главниот лик.


Извор: www.booooooom.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото