Умберто Еко и книжните молци

10.03.2016 13:06
Умберто Еко и книжните молци

Еднаш Умберто Еко ја посетил библиотеката во градот Коимбра, во Португалија. Таму масите биле прекриени со некоја ткаенина од филц која потсетувала на онаа што се користи за билијарските маси. На Еко му рекле дека ја користат таа ткаенина за да ги заштитат книгите од изметот на лилјаците.

Но, зошто едноставно не ги испоубиете лилјаците?, прашал Еко.

Од проста причина што тие се хранат со молци (жишки) коишто напаѓаат книги. А покрај тоа, ни молците не би требале сосем да ги елиминираме или осудуваме. Со тоа што го прогризува патот низ некоја инкунабула, молецот ни помага да разбереме на кој начин биле поврзани страниците и дали некои делови од книгата накнадно биле вметнати. Патеките на молците понекогаш исцртуваат чудни слики кои им даваат драж на старите книги.

Во прирачниците за библиофили можат да се најдат сите потребни упатства за заштита од молци. Во некои од нив се препорачува употребата на Циклон Б, истото средство што го користеле нацистите во гасните комори.

Втората метода, вели Еко, нешто помалку сурова, се состои во тоа во библиотеките да ставиме еден од оние будилници какви што поседувале нашите баби. Се чини дека неговото рамномерно чукање, како и вибрациите што притоа се пренесуваат во дрвото, ги одвраќаат молците да излезат од своите засолништа.