Сите граѓани на Република Македонија прогласени за технолошки вишок!

10.03.2016 16:00
Сите граѓани на Република Македонија прогласени за технолошки вишок!

Скопје, 10 март 2016

Сите граѓани на Република Македонија се прогласени за технолошки вишок што ќе доведе до тоа наскоро сите да бидат отпуштени и да добијат отпремнина.

Владата на РМ соопшти дека во процесот на севкупната рационализација што планира да ја спроведе утврдила дека не постои повеќе потребата од ангажман на граѓаните, поради што сите ќе добијат отказ и ќе бидат вклучени во социјалната програма.

Секој граѓанин ќе добие отпремнина од 20 евра за една година помината во Македонија, што би било доволно за тие самостојно да започнат со нов живот.

„Сигурни сме дека граѓаните ќе ја разберат потребата за спроведување на оваа болна реформа која во иднина би овозможила подобар живот во Македонија“, соопштуваат од Владата на РМ и додаваат дека ангажирњето на нови граѓани ќе биде забрането во наредните пет години.

Од извори од кабинетот на техничкиот премиер дознаваме дека Владата не била задоволна од граѓаните поради повеќе причини

„Прва и најголема причина е таа што многу граѓани не биле лојални на својот работодавец. Многумина се отпуштени и поради тоа што го критикувале газдата, што според статутот на фирмата е забрането. Исто така, воочено е дека тие константно се спротивставувале и го забошотувале спроведувањето на реформите во претпријатието, со што станува јасно дека Владата на Република Македонија немаше друг избор освен да ги прогласи граѓаните за колективен технолошки вишок“, велат од македонската Влада.

Извор: www.njuz.net