Таисуке Мори

11.03.16 01:49

„Скршени портрети“ на јапонски уметник Таисуке Мори се серија детално изработени цртежи со молив, пoкриени со панели искршено стакло - познати како „материјални пукнатини“. Овие предизвикувачки дела ја прикажуваат линијата на поделбата на нешто што постои во стварноста и она што е замислено. Тие се една прецизна хиперреална композиција која од публиката бара да застане за миг и да се обиде да го разбере и да го апсорбира она што го гледа.

На деликатните цртежи со молив, често се претставени млади луѓе, чии портрети се нарушени со пукнатините на фрактурата на стакло, помагајќи му на гледачот да направи разлика меѓу она што е реално и она што е артифициелно. Портретите потсетуваат на лица зад прозорец на дождлив ден, а одредени нивни сегменти се акцентирани на тој начин што се замаглуваат и развлекуваат. Делата се визуелна / психотична потрага по недофатливиот танц на реалното и илузорното, претстави кои делуваат збунувачки на начините на кои ја перцепираме сегашноста и актуелноста.

Извор: www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото