Хаив Караман

12.03.16 23:08

Хаив Караман е ирачка уметница чии едноставни, скулпторски слики ја тематизираат виктимизацијата и депозицијата на жените, и сето тоа преку молчаливите, маркантни очи на нејзините ликови кои наликуваат на восочни фигури.

„Телото како предмет и како субјект има централна функција во мојата уметност. Верувам дека тоа е средство преку кое се произведуваат културно диктирани концепти на просторноста. Затоа, преку онтолошко истражување на човечката фигура се обидувам да генерирам импулс кој ќе доведе до реконструкција на бинарните сфаќања во рамки на современата мисла“ – објаснува Караман.

„Прашањата кои ја исцртуваат траекторијата на мојата работа вклучуваат тековни истражувања од областа на социјална просторност во која поимите хибридност, дијаспора и третиот простор се широко распространети.

Евоцирањето концепти на социјално кодирани начини на размислување и однесување, родови прашања, динамиката на непроменливоста и амбивалентноста кои можат да се најдат во дијаспорните култури, се суштината на мојот визуелниот јазик и производ на моето искуство како ирачки имигрант.

Преку приказни и истражувања се обидувам да ги оспорам и поместам поставените граници во социјалниот и политички простор. Без разлика дали се изразени фигуративно преку слики или апстрактно преку инсталации, основната тема е обидот да се дешифрира поимот простор“– вели уметницата. 

Извор: www.emptykingdom.com

ОкоБоли главаВицФото