1010 hPa
53 %

22 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 09:59
Григориј Клоен е еден хуман и вешт уметник од Оукланд, Калифорнија, кој дошол до брилијантна идеја да конструира мали мобилни домови за бездомници од рециклирани и рекултивирани материјали најдени на улица. Проектот за изградба на домови за бездомници Клоен го почнал кога сфатил дека може своите уметнички и конструктивни вештини да ги примени за да им помогне на луѓето на кои им е потребна помош.
Првиот чекор кој Клен го преземал е „нуркање“ во ѓубрето во индустрискиот дел на Оукланд каде што има диви депонии. Тој одбира парчиња за своите практични архитектонски креации и ги спојува.
Основите на конструкциите можат да бидат направени од карго палети, наместо вообичаена врата може да искористи врата од фрижидер, а прозорци можат да се направат од што било, дури и од врата од машина за перење алишта.
Секој мал дом е изграден на тркала, за да може да се турка наоколу, и има добро заштитен покрив кој не пропушта дожд. Секој дом е различен, некој може да има огледало, друг може да има полици.
Она што е најважно е фактот дека секој од нив значи покрив над главата на некое бездомно лице, колку и да е мал. Клоен побарал помош од волонтери, па дури и млади луѓе од локалното средно училиште, да помогнат во изградбата на овие необични креации.
Извор: www.boredpanda.com