Зара Леандер: дива на националсоцијалистичкиот филм

14.03.2016 03:47
Зара Леандер: дива на националсоцијалистичкиот филм

Зара Леандер (родена како Сара Стина Хедберг) во Карлстад, Шведска, на 15-ти март 1907 година, е шведска актерка и пејачка. По неколкуте театарски и филмски улоги, режисерот Карл Фројлих, еден од најпознатите кинематографи во тоа време, во германскиот филм ја открива како замена за Марлен Дитрих. Тогаш Зара ја добива и титулата „најубавата дива“ на националсоцијалистичкиот филм.

Појавата на Леандер потсетува на моделот заводливи американски актерки, како што се Грета Гарбо и Mеј Вест. Ја започнала својата кариера во дваесетите години, а до средината на триесетите нејзиниот успех во Европа, особено во Германија и скандинавските земји, ја довел до бројни покана за работа во САД.

Може да се каже дека таа пред сè била олицетворение на пејачките и куртизаните со еротска аура (Тоа беше една опојна балска ноќ /Es war eine rauschende Ballnacht*), додека дополнителна популарност стекнала со шлагерите кои со својот длабок глас ги изведувала во филмските ревии.

Била олицетворение на „копнеж за некакво бегство од строго пропишаниот секојдневен живот“(Патлас), и не само за машките гледачи. Додуша, Леандер не се изјаснувала јавно во однос на националсоцијализмот, но со претежно егзотичните улоги како што е онаа во филмот La Habanera од 1937 година, како и нејзините улоги во некои пропагандни филмови како „Татковина“, од 1939, го потврдувала таквиот впечаток на јавноста. А во филмот „Голема љубов“ (Die Liebe Grosse), од 1942, се преобразува дури и во вереничка на војник. Подоцна Леандер истакнала дека и покрај тоа што нејзините филмови биле успешни, нејзината музичка кариера била профитабилна.

Инволвираноста во нацистичката пропагандна машина не ја спречила во 1938 година да ја сними еврејската песна Bei Mir Bistu Shein. Но, сепак, поради погоре споменатите присвојувања од страна на националсоцијализмот, Леандер по војната не успеала да ја обнови славата.

Била силно и строго критикувана, особено во Шведска, каде што се враќа по бомбардирањето на нејзиниот дом во Берлин за време на воздушен напад. Избегнувана од страна на поголемиот дел од уметничка заедница и јавноста, се нашла неспособна да продолжи со својата кариера по завршувањето на Втората светска војна. Тогаш најверојатно сфатила дека ќе остане фигура на јавна контроверзија до крајот на својот живот. Потоа повторно се враќа на сцената, настапувајќи низ Европа, но не била во можност да го изедначи нивото на успех кој го постигнала претходно.

И личниот живот на Леандер на некој начин бил поврзан со нејзината професионална кариера. Нејзин прв сопруг бил актерот Нилс Леандер со кого имала две деца, Боел (ќерка родена во 1926 година) и Горан (син роден во 1929), но тие се развеле истата година кога се родил нивниот син. Потоа, од 1932 до 1943 година била во брак со новинарот Видар Форсел, кој станал нејзин менаџер кратко време по нивниот брак. Конечно на крајот се венчала со пијанистот Арн Халфер со кого работела 25 години. Нивниот брак траел сè до неговата смрт во 1978 година. Подоцните години ги минува во пензија во Стокхолм, и таму умира на 74-годишна возраст, во 1981 година.

*Филм на германскиот режисер Карл Фројлих, мелодрама од 1939 година, со Зара Леандер и Марика Рок во главните улоги.

Извор: radiogornjigrad.wordpress.com

 

ОкоБоли главаВицФото