Повлечени од употреба 350 расипани политичари

14.03.2016 12:39
Повлечени од употреба 350 расипани политичари

Пазарната инспекција денес повлече од промет околу 350 политичари за кои се открило дека се штетни по здравјето на луѓето, дознаваат Пара вести.

Пазарната инспекција, во соработка со санитарната и ветеринарската служба, контролирала повеќе од 30 седишта на партии, угостителски објекти, но и Собранието и Владата на Македонија.

„Во контролата најдовме повеќе од 200 политичари кои се сосема расипани и со самото тоа штетни за човечка употреба, додека 150 од нив не можеа да приложат докази за потеклото и декларации со кои покажуваат од што се состои нивната политика“, велат од инспекцијата.

Од оваа институција наведуваат дека во наредните денови ќе биде поднесена кривична пријава против непознат сторител за пуштање штетни политичари во промет.

„Бројот на неисправни политичари ни кажува дека не станува збор за случајност, туку дека е во прашање сериозна, организирана акција. За тоа сведочи и фактот дека дури во три партиски седишта пронајдовме алат за прелепување на декларациите, каде политичарите на кои им истекол рокот на траење, преку старите декларации со името на партијата прелепувале сосема нови декларации со името на некои друга партија. Потоа, расипаните политичари се пуштани во понатамошен промет“, наведува еден од пазарните инспектори.

Од инспекциската служба ги повикуваат сите граѓани кои имале какви било психички или физички тегоби по конзумирањето политичари во кој било облик, да ги пријават, зашто постојат сомневања дека многу граѓани во претходниот период доаѓале во контакт со штетни и расипани политичари.

Извор: www.njuz.net