Фотографии од последната вечер на Прво па Женско #4

14.03.2016 21:33
Фотографии од последната вечер на Прво па Женско #4

Вчера (недела) во МКЦ се одржа и последната вечер од четвртото издание на фестивалот „Прво па Женско“, која, според фотографиите на Васко Џамбаски, и сите оние кои беа присутни на настаните, беше најемотивната вечер на фестивалот.

Во неделата пограмата на „Прво па Женско“ беше отворена со базар како можност да се купи задоцнет подарок за 8-ми март, презентации во „Женска соба“, дискусија на ХЕРА Млади „Знаеш ли да препознаеш љубов? А вистинска љубов?“, со модерација на Маја Балшиќеска и со говорниците Деспина Стојановска (Прв семеен центар); Насер Дурмиши (Прв семеен центар); Елена Димушевска (Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство), презентација на Платформата за родова еднаквост (Македонија), ЛД „Солидарност“. Се водеше дискусија на тема „Жените во бегалската криза“ со модерација на Јана Старделова – „Тиииит! Инк.“

Говорници на дискусијата беа Уранија Пировска (Хелсиншки комитет за човекови права на РМ), Мерсиха Смаиловиќ (Легис) и Ленче Здравкин. Потоа следуваше презентација на активностите во рамки на работилницата за деца „Шепот на ѕидовите“, театарската претстава „Будење на пролетта“ на „Интимен театар“ од Битола, како и концерт на Ана Ќурчин (Србија).

Настанот имаше и паралелна програма со стрип работилница со Хелена Јанечиќ (Хрватска), работилница за деца „Шепот на ѕидовите“ со „Фрлачи на сенки“ (Хрватска), хуманитарна акција за собирање средства за жените бегалки, како и мобилна клиника за женско здравје.


Фестивалот се реализира во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, ЛГБТИ - Центарот за поддршка, ЛезФем, „Бори се женски“ и АКТО - Фестивал за современи уметности, и со поддршка од Фондација Отворено општество - Македонија, Frida – The Young Feminist Fund, Заклада Култура нова - Хрватска и Младински културен центар - Скопје.


Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото