Крилестите марами на Роза Камитова

15.03.2016 03:00
Крилестите марами на Роза Камитова

Shovava, што значи „непослушна“ и „игрива“, е уникатна серија на женска облека изработена со неверојатно сложени детали од природата. Креирана од дизајнерката Роза Kамитова која живее и работи во Австралија, секое прекрасно и елегантно парче од оваа серија е направено со рачно изработени слики и принтови.

Камитова првично осум години работела во модната индустрија, с додека не одлучила дека на светот му е потребна малку поголема количина креативност во дизајнирањето облека. Тогаш почнала да прави преработка на материјали, менувајќи ги и реконструирајќи ги, за потоа да ги илустрира, и од нив да создаде уникатни парчиња. Shavova убавата серија инспирирана од природата била пуштена во продажба во 2011 година.

„Постојано ја набљудувам природата и наоѓам инспирација и во најмалите детали“ – објаснува Камитова. „Понекогаш тоа е крило на пеперутка, понекогаш клеточната структура на листот. Некогаш е пердув или гавран кој стои на дрво. Она што го гледам во светот на природата го пренесувам на моите парчиња облека.“

Извор: sosuperawesome.com

ОкоБоли главаВицФото