Поглед одблиску во земјата во која владеат жените

15.03.2016 05:20
Поглед одблиску во земјата во која владеат жените

Домородното население Каси кое живее во државата Мегалаја во Индија, брои околу еден милион жители и го претставува мнозинството од популацијата. Каси живеат во матријархално општество. Традицијата во овие краеви налага на девојките да им се дава посебно значење, тие играат важна улога во семејството.

Имотот и семејното презиме се наследуваа по женска линија. Ако најмладата ќерка се омажи, нејзиниот сопруг доаѓа во нејзината семејна куќа, а децата го земаат презимето на мајката. Семејство кое има само синови се смета за несреќно, бидејќи само ќерките можат да обезбедат континуитет на кланот.

Наследството по мајчина линија на девојките и жените во Мегалаја им гарантира солидна економска и социјална независност во споредба со општите индиски услови. Непочитувањето на жената во Каси културата значи да му се наштети на општеството.

Помеѓу 2013 и 2014 година, фотографката Каролин Клупел поминала девет месеци во селото Молинонг во североисточниот дел на Индија, село со само 95 живеалишта. Во оваа серија таа се концентрира на девојчињата, контекстуализирајќи ги во нивната секојдневна физичка околина, притоа одржувајќи сензитивна рамнотежа меѓу документација и композиција.

Извор: www.ignant.de

ОкоБоли главаВицФото