Синоќа бев на некоја годишна средба

15.03.2016 05:53
Синоќа бев на некоја годишна средба

Синоќа бев на некоја годишна средба. Дојдоа и луѓе со кои години се немавме видено. Улетав (ко слепец некој) у друштвото што распрааше за болештии шо ги мачат нив, блиските, децата... па која терапија, па ова па она... да ти збоктиса и средба и све што треба да биде весело и евоцирање духовити спомени. На момент ми дојде да палам патиките и да си идам. Коа.... ми приоѓа една плавуша. Раздрагана цела, насмеана. (е фала qрцу си викам, некој нормален, а не ми текнуе која беше)

- Кај си бееее ( цмок..цмок..мене уше не ми текнуе која беше)

- Еве, да се видиме, се забраивме (почињем со клише)

- Абе ти, шо постар, све поубав стануеш. (ајааааа... ме здрви... ми текна која беше, една, малце така... не ѝ текнуеше брзо)

- Фала, фала... абе не те познав, а се изљубивме ма, ќе ме караат по дома, ако е ради това шо сум се пролепшал :). Па плава си се офарбала. Не личиш на ТИ. ( иначе црна е у природа, ѓупка права)

- Да бе, да сменам малце, еве неколку години се фарбам.
(Не можев ипак да додржам, жими мајка...)

- А од кој месен си?

- (мртва ладна еј, ја мислев ми сфати и шала и све) Не БЕ. Еееее од коа не работам за месен. Сеа сум у општинска.
И почна да баљезгари, те кај се запослила, те мужот фино исто се снашол... па децата на факс, немало гајле, пола професори ги знаела... пола ја слушам, пола не. Глаата тупан ми ја напраи.

Некако ја откачив и си отидов у оноа првото (болесничко) друштво. Стварно глаа ме стегна. Се степаа да ми најдат апче за глава. У секој џеп имаат. Те портокалов, те зелен дијазепам дали сум сакал? Никој ракија да понуди.
Не ги отерав у мајчину, него културно полецка, дај телефон.. на телефон, ова она, ипак запалив патиките и... гитла.

И после сум бил носталгичар. Не бе. Успомените ќе си ги зачувам чисти и ќе си рикам од смеа ко ќе ми текне на некоја ситуација... сам и тоа, ко блесав .... или ќе споделам со некој кој не учествуел, да се смееме заедно. Овија не се тија.

Уше колку уствари имаше од то прочката? Да не поранив ја со постов? Мислев да апстинирам денеска на ФБ, да не сметам. :)

Слики: Свирачиња

Извор: Фејсбук

 

ОкоБоли главаВицФото