Власта распиша тендер за нов народ

18.03.2016 11:08
Власта распиша тендер за нов народ

Владата на Македонија распиша меѓународен тендер за набавка на подобар народ. Огласот за распишување меѓународен тендер е објавен денес во сите светски печатени медиуми, од Financial Times, и Economist, до Wall Street Journal и The New York Times.

Како што стои во јавниот повик, на тендерот за набавка на нов народ можат да конкурираат сите народи и народности, како и сите национални малцинства и етнички заедници досега познати во светот.

За да биде некој избран за нов народ, како што е прецизирано во огласот, ќе мора да знае точно што сака, а што не сака, како и да се обврзе со цврст и јасен договор на спремност на жртва заради подобра иднина.

„Бевме чесни, па иако не сме задоволни од својот народ, и нему му овозможивме да конкурира, па ако сака нека се избори за своето место. Ако се покаже дека нашиот народ е најдобар народ, јас сум спремен и да се повлечам“, вели доскорешниот премиер Никола Груевски.

Подобриот народ ќе биде избран на четири години со можност за реизбор, додека Владата на Македонија се обврзува дека подобриот народ ќе почувствува подобрување на животот, кај и да е.

„Подобриот народ нема да може да се преправа како сегашниот дека не го гледа на што цел свет го голеда. Кога целиот свет гледа како напредуваме, и подобриот народ ќе мора да го види тоа. Ова ќе биде еден од поважните критериуми за избор“, наведува Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека поради фер борба не може да каже кој народ би сакал да победи.

„Имам фаворит, знам кој народ е најдобар за нас и ќе се обидам да го убедам да се јави на тендер, но не можам да ви кажам за кој народ станува збор“, изјави Груевски.

Рокот за доставување понуди за избор на подобар народ е 31 декември 2016 година.

Извор: www.njuz.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото