1008 hPa
48 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 13:59
Светот се занимава со енормната загаденоста на избирачкиот список во Република Македонија на еден доста лефтерен начин, како со техничко прашање, и политичко, се разбира, зашто без чист избирачки список не се можни чисти избори, и толку! Самата загаденост се третира како вообичаено право на партијата на власт, со тоа што дечките од вемерето малку претерале во конзумацијата на тоа право.
Никој, колку што можам да видам, не го поставува прашањето на одговорноста за тотално уништениот список како тешко кривично дело против самите основи на општеството и на државата, еднакво или дури и потешко од поткопувањето на финансиските основи или делата на велепредавството!
Ваков список е песок во моторот на општеството, тешко зарибување, искривени шини, расипан радар, болест!
По линија на објективната одговорност за оваа драматична диверзија одговорен е премиерот, односно бившиот премиер. И многу луѓе под него, министри, секретари и така натаму, но премиерот е одговорен како командант на парадата, според уставните и законските одговорности за општите состојби во државата и во општеството.
Тоа дело против избирачкиот список е акт во рамките на злосторничкиот потфат против Македонија!
Освен тоа, човекот може да го повтори делото, да влијае врз сведоците или да избега!
Судот денеска мораше да расправа за продолжување на неговиот притвор...
Марчело, чуваш ли ме!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Небојша Гелевски