Македонското судство ќе ги преземе случаите на педофилија во Ватикан

21.03.2016 01:56
Македонското судство ќе ги преземе случаите на педофилија во Ватикан

Скопје, 21 март 2016

Ватикан бара од македонското правосудство да ги преземе случаите во кои свештеници од Ватикан се обвинети за педофилија. Ваквото барање на македонскиот претседател Ѓорге Иванов му го пренел државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин при неодамнешната посета на Скопје.

На средбата Паролин истакнал дека во Скопје дошол веднаш откако разбрал дека Иванов ќе има можност да помилува лица осудени за педофилија. Оттаму, Ватикан побарал од македонскиот државник да апелира до скопските судови тие да ги преземат случаите на обвинети за педофолија.

Според нашите сознанија ваквата идеја веднаш била прифатена од страна на Иванов и тој во неколку наврати искажал подготвеност за преземање на случаите. Иванов истакнал дека без разлика на пресудите, ватиканските педофили можат да спијат мирно, бидејќи тој нема да се двоуми да го искористи механизмот за помилување на лица осудени за педофилија.

Извор: kozanostra.net