Норвешка вложува милијарда долари во 10 велосипедски коридори

21.03.2016 13:03
Норвешка вложува милијарда долари во 10 велосипедски коридори

Околу деветте најголеми норвешки градови ќе се градат велосипедски патеки кои на велосипедистите ќе им обезбедат сигурен и брз превоз и надвор од урбаните средини.

 

Скандинавските земји се вистинска Мека за велосипедистите и овој голем проект има цел да ја претвори таа Мека во рај. Имено, Норвешка издвои 923 милиони долари за десет двонасочни велосипедски коридори кои на велосипедистите ќе им овозможат безбедно да патуваат помеѓу девет норвешки градови, а притоа ќе ги поврзат со метро станици и железница.

Најголем предизвик ќе биде да се направат велосипедски патеки кои ќе бидат безбедни и за време на студениот и мрачен зимски период. Сепак, Норвешка ќе се угледа на примерите изведени во уште посеверните области како Канада или Финска, каде веќе има велосипедски патеки кои ја поднесуваат исклучително непријатната Голфска струја.

Дел од големиот план

Скептиците веројатно ќе прашаат дали оваа инвестиција е исплатлива, а вистинскиот одговор веројатно лежи во фактот дека ова е само дел од големиот Норвешки транзитен план, кој е направен со цел да се намали загадувањето предизвикано од сообраќајот. До 2030 година, 75% од автобусите и 50% од камионите во Норвешка ќе имаат ниска емисија на штетни гасови, додека 40% од бродовите и траектите за кратки релации (кои имаат многу голем удел во сообраќајот во Норвешка) ќе бидат или ниско-емисиони или ќе работат на биогориво.

Извор: 6yka.com