Фотографии кои ја прикажуваат универзалната суштина на детството

22.03.2016 17:15
Фотографии кои ја прикажуваат универзалната суштина на детството

Без наслов, Ешли Карлтон, САД (трето место во категоријата Силуета)

Детството е значаен период во нашите животи, и растењето за секое дете треба да биде едно прекрасно патување исполнето со авантури и чудесни доживувања. Додека сме деца и го истражуваме светот, уживаме во убавината на мигот и во секое ново спознание, а целта е да дознаеме повеќе за нас и нашата околина. Можеме да го живееме животот безгрижно, бидејќи да се биде дете исто така значи и да се прават грешки од кои треба да се учи.

„Појадок“, Карен Осдиек, САД (трето место во категоријата Силуета)

Сепак, да се биде толку млад може да биде подеднакво страшно и возбудливо. Растењето и станувањето возрасен човек со одговорности, често знае да биде застрашувачки период, особено кога пред вас го имате целиот свет, кој на детските очи им изгледа бескраен.

„Среќа“ Чи Кинг Лим, Малезија (трето место во категоријата Начин на живот)

Натпреварот за фотографија B&W на фотографите им дава можност да ја прикажат оваа емотивна спротивставеност, која само може да се почувствува, и ретко кога може да се види на визуелна платформа.

„Игра“, Чи Кинг Лим, Малезија (трето место во категориите Документарна и Улична фотографија)

Жирито на овој натпревар добило повеќе од 5000 фотографски записи од кои ги одбрале најдобрите црно-бели фотографии кои го прикажуваат рајскиот период од човечкиот живот, и кои ја содржат суштината на детството.

„Балкан“, Истван Керекес, Унгарија (второ место во категориите Документарна и Улична фотографија)

На овие фотографии можат да се видат деца кои се доловени во различни емотивни состојби. Некои од нив се сериозни и се чини дека отвораат комплексни прашања. Други, пак, ја прикажуваат детската неуморна игра и незапирлива енергија.

„Молитва“, Чи Кинг Лим, Малезија (прво место во категоријата Начин на живот)

Она што можеби е најважно, е дека фотографиите од натпреварот претставуваат деца од целиот свет, овозможувајќи ни одблиску да ја согледаме суштината на тоа како е да се биде дете во 21-от век.

„Желба“, Ева Цвикла, Холандија (прво место во категоријата Уметничка фотографија)

„Таму некаде“, Триша Кленси, Катар (трето место во категоријата Силуета)

„Милениче пеперутка“, Кели Тијак, Австралија (трето место во категоријата Уметничка фотографија)

„Б“, Ли Џерфис, Велика Британија (прво место во категоријата Портрет)

„Роза“, Улијана Каринова, Русија (прво место во категоријата Уметничка фотографија)

Без наслов, Ријанон Логсон, САД (второ место во категорите Концептуална фотографија и Фото манипулација)

Без наслов, Анди Абдул Халил, Индонезија (прво место во категориите Концептуална фотографија и Фото манипулација)

Деца од племето Баџау, Савио Фреире, Бразил (номинирана)

„Чекање, Карен Осдиек, САД (номинирана)

„Насмевка како цвет“, Сангамитра Саркар, Индија (номинирана)

Извор: blackandwhite.childphotocompetition.com