- Својата самостојно објавена збирка поезија „Не, благодарам“(No, thanks), поетот Е. Е. Камингс им ја посветил на на четиринаесетте издавачи кои одбиле да ја објават.
- Во изворната песна за Ромео и Јулија, Јулија има 15 години. Никој не знае зошто Шекспир одлучил во неговата драма таа да има 13.
- Зборот „сифилис“ е изведен од името на еден страдален лик во песна од 15-ти век, на италијанскиот лекар Џироламо Фракасторо.
- Издание од 1852 година од „Поетските дела“ на Џон Милтон било пришиено на кожата на убиецот Џорџ Кадмор.
- Омилена песна на Џон Ф. Кенеди била „Имам рандеву со смртта“(I Have a Rendezvous with Death), од Алан Сигер.
- Зборот „unfriend“ датира од 1275 година, и значи „оној кој не е пријател“. Бил пронајден во средновековниот еп на Лајамон, насловен Brut.
- Германскиот поет Готлоб Бурман толку многу ја мразел буквата „р“ што избегнувал да ја користи во неговата поезија и во секојдневниот говор.
- Компанијата Ford Motor побарала од поетесата Маријан Мур да измисли имиња за нивните нови автомобили. Еден од нејзините предлози бил „Mongoose Civique“.
- Фразата „namby pamby“ се користела како прекар за Амвросиј Филипс, поет од осумнаесеттиот век сатиризиран за неговите бебешки стихови.
- Последните стихови од песната на Роберт Брнс насловена Auld Lang Syne, прецизно би требало да бидат „For auld lang syne“, а не „For the sake of auld lang syne“. Она што е интересно, е дека Барнс технички не ја напишал песната.
- Сер Џон, поет од седумнаесетиот век, ја измислил играта со карти наречена крибаж.
- Книгата на Лизи Дотен од 1863 година, насловена „Песни од внатрешниот живот“(Poems from the Inner Life) вклучува песни за кои Дотен тврдела дека ги добивала од духот на Едгар Алан По.
- Поетесата Ејми Ловел еднаш купила 10.000 пури, тврдејќи дека ѝ биле потребни при пишувањето.
- Зборот „памфлет“ потекнува од комичната љубовна песна од четиринаесетиот век „Pamphilius“ или, „Грижлива љубов“. Памфилиус значи „оној кој е вљубен во сè“.
- Според легендата, кинескиот поет Ли По умрел кога додека бил пијан се обидел да го дофати одразот на месечината во водите на езерото.
- „Flyting“ е термин кој се користи за поетските слем натпревари, каде што двајца поети се напаѓаат еден со друг со рецитирање стихови.
- Постоел елизабетански поет и свештеник кој се викал Томас Бастард.
- Метрофобија значи страв од поезија.
- Mетроманија значи манијакална потреба да се пишува поезија.
- Сер Волтер Скот својата најпродавана епска песна „Mармион“ ја напишал додека јавал коњи.
- Древната индиска поема „Махабхарата“ е составена од 100.000 стихови.
- Делото на Херман Мелвил од 1876 година насловено „Кларел: Поема и аџилак во Светата земја“ е најдолгата објавена поема во американската литература.
- Џорџ Мекдоналд (1824-1905) напишал песна составена од само два збора, насловена „Најкратката и најслатка песна“. Таа едноставно гласи: „Дојди дома“.
- Епитафот на надгробната плоча на поетесата Емили Дикинсон во Амхерст, Масачусетс, составена од самата поетеса, се состои од само два збора: „called back“.
- Правилото според кое не е дозволено користење на предлог на крајот на реченицата било измислено во 17 век, од страна на поетот Џон Драјден. Повеќето граматичари го игнорираат.
- Терминот „rapsodomancy“ означува еден вид на ритуална практика на предвидување на иднината со помош на одбирање песна по случаен избор.
- Тројцата најпродавани поети во светот се Шекспир, Лао-це, и Калил Џибран.
- Поетот Г. К. Честертон напишал песна со наслов „Plakkopytrixophylisperambulantiobatrix“.
- Зборот "кучка" првпат бил употребен во песна во 1500-та година.
- Се смета дека грчкиот епски поет Хомер ја напишал песната насловена „Margites“, (која за жал е изгубена) во која станувало збор за некој многу глупав човек.
- Последните зборови на поетесата Лејди Мери Вортли Монтегју биле: „Сè беше многу интересно.“
Извор:interestingliterature.com