1018 hPa
75 %

6 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 17:59
Две мајки уметници кои работат со деца повеќе од пет години, фокусирани на креативноста и уметноста, сметаат дека уметноста е основниот поттикнувач на детската креативност, па затоа постојано ја нагласуваат нејзината важност.
Според нив, најдобар начин да се поттикне креативноста кај децата е тие да се сакаат, почитуваат и да им се даде соодветна вредност на нивните цртежи.
Идејата за претворањето на детската уметност во безвременски скапоцени спомени се родила со потребата за зачувување на цртежите на нивните ќерка и син и давање поддршка децата да продолжат да се занимаваат со цртање.
Двете креативни мајки посакале да продолжат и да го прошират овој проект кога го сретнале скулпторот и дизајнер Озгур Каравит кој ги создава совршените парчиња накит од цртежите на децата.
Уметниците велат дека овој проект има за цел да им покаже на децата дека нивната уметност е драгоцена и оригинална. Токму затоа се развила идејата детските цртежи да ги претворат во безвременски спомени, уникатни уметнички модни додатоци.
Извор: www.boredpanda.com