Паника во паркот на ВМРО

24.03.2016 11:27
Паника во паркот на ВМРО

Каква само врева се крена околу изјавата на Јанева дека главните носители на власта во Република Македонија се нелегитимни.

Таа врева произлегува од свеста или потсвеста која на узурпаторите и на нивните подопашни муви им кажува дека Јанева е во право и дека за својот став има цела библиотека докази.

И сведоци.

И затоа нема расправа за меритумот на изјавата туку вампирите се надеваат дека степенот на нивната форсирана фрапираност ќе биде доволно голем и соблазнителен за да можат да си поверуваат самите на себе (!) и да ја испровоцираат традиционалната солидарност на опљачканото и разнебитено граѓанство со своите убијци!

Констатацијата на Јанева дека власта е нелегитимна оди во прилог на државата и на граѓаните, а не, како што во својот извртен вредносен и стварен свет сакаат да кажат узурпаторите - против нив!

Обратно, несоочувањето со таа вистина е гаранција дека државата ќе наебе како што дефинитивно ќе наебат и граѓаните зашто тоа наебување е во агендата на узурпаторите.

Конечно, досетките дека ако власта е нелегитимна, нелегитимна е и Јанева, се досетки од типот: „ако Христос не воскреснал, џабе е верата наша“, тие се акробации кои не се во состојба да ги одбранат узурпаторите независно од статусот на Јанева затоа што нивниот статус не зависи од статусот на Јанева туку од катастрофата на македонската стварност, односно од аргументацијата со која располага специјалната обвинителка.

Тие се нелегитимни сеедно дали е Јанева нелегитимна или не е, а нелегитимни се скроз ако и Јанева е нелегитимна.

При непроменета состојба на доказниот материјал.

Единствениот проблем кај специјалната обвинителка е тоа што по точните констатации за власта, нема никаква смисла од таа власт да очекува соработка за правната разрешница на властодржечката нелегитимност.

Се разбира, можеме да се вратиме во политичкиот формат и да ја разгледаме и опцијата дека со нападот врз легитимноста на власта, Јанева успеа да издејствува јакнење и признавање на сопствениот легитимитет. Од изјавата на Димовски се гледа дека власта претпочита, барем во оваа фаза, да ја признава Јанева како подобра опција за себе од таа Јанева да не ги признава нив.

Ситуацијата е апсурдна: мислам дека власта ќе мора да соработува со Јанева во процесуирањето на сопствените злодела затоа што некој ќе им објасни дека тоа е помалку лоша опција за нив!

Таа опција не е толку лоша.

Така функционираат неконсолидираните и лажни легитимитети!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Свирачиња