Како „комуњарските градоначалници“ си ги сакаа своите градови

24.03.2016 14:50
Како „комуњарските градоначалници“ си ги сакаа своите градови

Еве како комуњарските градоначалници (погрдно нарекувани „црвена буржоазија“) си ги сакаа своите градови.

Г Р А Д О Т

Се родив во улицата повеќе со кал отколку сонце
каде луѓето и во гладта се радуваа
среќата кон нив не трчаше, се влечкаше
богати со псовки и луда мисла за утрешната среќа.
Израснав на таа улица, што беше и не беше
никој немаше зад мене да рече ќе успеам
во куќата внесував илјада сонца
и во бедата знаевме да вечераме од тоа.
На улицата што можеби беше улица израснав
во маглата се губеа патиштата
во песната се раѓаа вљубените
останав сам да го сонувам замисленото.
Такви беа и сонцата откраднати
и надежта што на улицата не ја сопрев
под сјајните ѕвезди нема само ноќевање
секој ден станува сè помал за една иднина.

Автор: Методија Петровски

П.С. Татко ми од своето 8-годишно „владеење“ со Куманово, од лична сопственост се збогати со 300.000 лични пријатели и почитувачи, а Куманово од него заработи: спортска сала, базен, дом на култура, пионерски дом, две кино сали, атмосферска и фекална канализација, кошаркарски тим во 1Б лига ( во СФРЈ), фудбалери во 2 лига (во СФРЈ), се носеа медали во бокс од Монтреал, Лос Анџелес, од цел свет, младите одеа на спорт, реномираната „кумановска гитаријада“ - а постарите во двете реновирани цркви (ден денес кумановското свештенство му е благодарно за огромните донации и постојаното реновирање и грижа потоа - „ИСКРА“, „ЧИК'', „КИРО ФЕТАК'“ итн... итн, (многу ги има - во тогашното Куманово не работеше само тој што немаше желба да работи). А можеби најбитно е што во негово време во Куманово не постоеја никакви етнички немири (секоја недела јас и татко ми одевме на Липковско Езеро на риболов).

Можеби така беше бидејќи татко ми по струка не беше економист, менаџер, политиколог, туку филолог (поет).

ОкоБоли главаВицФото