Почина фудбалскиот великан Јохан Кројф

24.03.2016 16:45
Почина фудбалскиот великан Јохан Кројф

Легендарниот холандски фудбалски репрезентативец и поранешен тренер на Барселона, Јохан Кројф, почина по тешка борба со ракот.

Славниот 68-годишен фудбалски виртуоз на кој пред половина година му беше дијагностициран рак на белите дробови не успеа да ја победи тешката болест.

„Кројф почина на 24 март во мир во Барселона, опкружен со своето семејство, по тешката борба со ракот“, стои во соопштението на неговата официјална страница.

Најдобрите играчки денови Кројф ги помина во Ајакс, со кој трипати го освои Купот на шампионите, а со холандската репрезентација играше во финалето на Светското првенство 1974 година. Голема трага остави и во Барселона, каде пет години настапуваше како играч, а осум години беше тренер. Го освои Купот на шампиони со Каталонците во 1992 година и се смета дека е татко на модерниот фудбалски стил на Барса, кој во подледната деценија владее во Европа.

Во играчката и тренерската кариера Кројф освои вкупно 36 трофеи и е една од најважните личности во историјата на фудбалот.

Извор: tportal.hr