Во исламскиот интернат за трансродни личности во Индонезија

25.03.2016 02:45
Во исламскиот интернат за трансродни личности во Индонезија

Кога Шинта Ратри го посетува своето семејство во Јогјакарта, индонезискиот град во кој живее и денес, таа седи пред нејзиниот семеен дом и чека. Не ѝ е дозволено да влезе внатре од нејзината шеснаесетта година, кога како момче му кажала на семејството дека се чувствува како девојка.

Денес Шинта има 53 годишни и една од водечките трансродни активистки во земјата. Таа работи во „Пондок Песантрен Вари“, исламски интернат за индонезиските жени, т.н. waria, име кое е изведено од индонезискиот збор wanita кој значи жени, и зборот pria кој значи мажи. Училиштето во Јогјакарта на островот Јава, претставува цврсто поврзана заедница на трансродни жени од целата земја кои се соочуваат со дискриминација во својот дом.

Италијанскиот фотограф Фулвио Бугани поминал речиси три недели живеејќи со трансродната заедница во Индонезија.

Моќните фотографии на Бугани го прикажуваат секојдневниот живот во училиштето на разновидни waria заедници, а една од неговите фотографии е наградена со трета награда во категоријата World Press Photo, во областа на современите прашања.

Според информациите кои ги наведува фотографот Бугани, во интернатот живеат околу десет жени, иако бројките постојано се менуваат. Многу од нив би живееле и би заработувале како сексуални работнички и улични танчерки бидејќи не можат да најдат работа во други области. Училиштето нуди пријатна средина, во која овие личности можат да бидат тоа што се.

Училиштето исто така обезбедува посебно место за молитва на waria жените. Во Индонезија, земја со поголем број муслиманско население, џамиите обично се поделени според полот. На трансродните жени им е забрането учествување во извршувањето на секојдневните молитви, бидејќи тие „не припаѓаат“ на ниту една група.

Токму тоа им го овозможува училиштето предводено од Шинта, простор во кој ќе бидат слободни и ќе стекнат чувство дека таму припаѓаат.

„Таа е многу горда што е жена и муслиманка“ – изјавил Бугани за весникот Time и додал дека таа сака да им помогне на другите waria жени.

Бугани ѝ се придружил на Шинта на една од нејзините полугодишни посети на семејниот дом и ја набљудувал додека седела надвор и чекала...

Во една прилика, за време на тој таканаречен ритуал, се појавила нејзината мајка...

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото