Гробарите на капитализмот (2)

25.03.2016 12:01
Гробарите на капитализмот (2)

 

„Политичките марксисти“

Сеедно, недоработената идеја е одржана во живот, во својот негативен облик, од страна на критичарите на марксизмот и служела како клучна мета за различни „ревизионистички“ историчари кои сакале да ги оспорат „социјалните интерпретации“ на француските и англиските револуции покажувајќи дека во ниту еден случај не постоела револуционерна класна борба помеѓу капиталистичката буржоазија во подем и феудалната аристократија во пад. Но, додека „ревизионистите“ сè уште фрлале оган кон видот социјални интерпретации кои едвај ги заговарал кој било сериозен историчар, марксистите се оддалечувале.

Некои кои заклучиле дека концептот на буржоаската револуција повеќе покривал отколку што откривал – меѓу нив, пред сè, оние кои се нарекуваат „политички марксисти“ – почнале да нудат нови социјални интерпретации за француските и за англиските револуции (види, особено Џорџ Комнинел, Rethinking the French Revolution, Verso, 1987; и Роберт Бренер, поговорот на Merchants and Revolution, Verso 2003).

Уште и ги нагласувале односите на општествената сопственост и класата, отцртувајќи ги специфичните ограничувања и барањата наметнати од страна на специфичните односи со нивните дистинктивни „законитости за репродукција“. Но, тие нови социјални интерпретации веќе не зависеле од старите наративи за класните борби помеѓу назадните земјопоседнички класи и новопечените капиталисти.

Други, сè уште се колебале за напуштање на идеите на буржоаската револуција. Но, за да ја одржат, морале да ја напуштат традиционалната идеја на буржоаската капиталистичка класа во подем против назадната феудална класа и да ја заменат со многу поматни поими.

Поаѓајќи од конвенционалното поистоветување на буржоаското со капиталистичкото (што отсекогаш било проблематично), група марксистички историчари предводена од Нил Давидсон заради тоа ја изнела идејата дека она што ја прави револуцијата буржоаска, кои и да биле нејзините причини и учиноци, е тоа што како последица претставува придонес за напредувањето на капитализмот. Со други зборови, исходите или последиците, не поедини класно дефинирани фактори, ги прават некои револуции буржоаски. Таквата „консеквенцијалистичка“ верзија на буржоаската револуција го применува тој концепт на кој било вид преобразба за која може да се каже дека некако му се извлекувала на развојот на капитализмот или дека ги отстранувача пречките за неговото напредување, каков и да бил класниот состав или намерите на револуционерните чинители. Навистина, можеби дејствувањето е заменето со трансисториски механизам на „буржоаскиот“ напредок, како неизбежното напредување на технолошките сили.

Тие марксистички консеквенционалисти можеби се обидуваат да земат предвид, до одредена мера, историски докази кои ги оспоруваат старите ортодоксии; и би било совршено разбирливо кога сите само би зборувале дека капитализмот прво се појавил не како намерен класен проект, туку како намерна последица (што е стојалиштето на политичките марксисти). Тоа може дури да биде сфатливо кога само би го прифатиле (проблематичното) поистоветување на „буржоаското“ со капиталистичкото и повторно да ја дефинираме „буржоаската револуција“ како кој било револуционерен процес кој, без оглед на намерите, придонесува за развој на капитализмот. Но, нивните моментални аргументи наидуваат на непремостливи пречки затоа што се чувствуваат принудени, заради бран идеолошки причини, дека на поимањето на буржоаската револуција му даваат неодржлива универзалност која, најпосле, ја лишува од секакво значење.

Буржоаската револуција мора да ги опфати не само револуционерните востанија туку и мошне долготрајните, постапни историски процеси. Исто така, таа е обврзана, крајно експлицитно, да го покрие вчудоневидувачки широкиот и разновиден историски спектар. Буржоаската револуција станува сè позатегната кога е принудена да покрие широк распон историски причини на различни континенти.

Но, она што всушност создава неразрешливи противречности во консеквенцијалистичкиот концепт на буржоаската револуција е вклучувањето не само на случаите во кои капитализмот напредувал навистина – на пример, триумфот на капиталистичката земјопоседничка аристократија во Англија – но, исто така и случаите во кои капиталистичкиот развој всушност бил попречен од револуцијата. Тоа е највпечатливо во она на што консеквенционалистичките аналитичари гледаат како на класичен случај на буржоаска револуција, односно, Француската револуција – која како последица го имала зауздувањето на капиталистичкиот развој со загрозување на селанската сопственост и отворањето на послободен пристап до државните кариери за буржоаските службеници.

Претставата за буржоаската револуција која би можела да ги вклучува двата случаи во кои се провлекува капитализмот и во кои е спречен, би изгледала мошне бесмислено. Но, дури и ако го оставиме настрана фактот дека консеквенцијалистичкото поимање на буржоаската револуција нема никаква очигледна врска со напредувањето на капитализмот, како и да е дефиниран, едноставно не може и не го објаснува потеклото на капиталистичките сопственички односи, па и ако наводната револуција наводно се случила претходно, и како предуслов за созревање на капитализмот.

Тоа е така затоа што, според дефиницијата на самите консеквенционалисти, сè што претставува буржоаската револуција му служи на објаснувањето за отстранување на пречките за развој на капитализмот кој веќе постои, капитализмот чие претходно постоење се претпоставува. Фундаменталното прашање како дошол на свет, едноставно не може да се постави.

Консеквенционалистичкиот аргумент сега ја нагласува важноста на револуцијата одозгора, или преобразбата на државата која потоа настојува да ја провлекува максимизацијата на капиталистичкиот профит. Тие државни преобразби можат многу да вараираат според својот карактер, тајмингот и причините; а, буржоаските револуции можат да создаваат широк дијапазон државни формации, од Франција преку Англија до Јапонија. Сепак, какви и да се карактерот и тајмингот на релевантните државни преобразби, консеквенционализмот не може да го објасни потеклото токму на оние капиталистички сопственички односи на кои државните преобразби наводно им се провлекуваат.

Експланаторната вредност на концептот на „буржоаската револуција“ понатаму е загрозена и ако признаеме дека сите случаи на капиталистичкиот развој, освен оној првиот, претпоставуваат комерцијални и воени наративи кои ги создава веќе постоечкиот капитализам на некое друго место. Клучен пример за тоа се предностите во трговијата и војната кои ги уживала капиталистичка Британија, а кои влијаеле на развојот на другите европски сили и империјалистичката експанзија, особено со охрабрување на државните политики создадени да се натпреваруваат со Британците – и тоа не само во Франција. Така што тој консеквенционализам е амбивалентен по прашањето на причините и последиците. Во овој момент концептот на буржоаската револуција едвај се однесува на што било специфично. Идејата на буржоаската револуција била дефинирана додека не исчезнала. Се применува на сè и сешто, што значи дека не објаснува ништо.

Лудоста на неизбежноста

Сигурно постојат многу нешта кои мораат да се објаснат за турбулентните настани кои ја следеле глобалната експанзија на капитализмот; но, тешко е да се согледа како „буржоаската револуција“ може да придонесе во објаснувањето на тој феномен. Оние кои сè уште се држат до таа идеја, не го прават тоа за да ја расветлуваат историјата, туку заради нејзиното симболично политичко значење.

Поентата не е во тоа буржоаските револуции да служат како модели за други револуционерни преобразби, најпрвин преминот кон социјализам, туку повеќе се работи за тоа дека тој концепт од почетокот е испреплетен со идејата за неизбежниот напредок. Во визурата на просветителството тоа подразбирало марширање на разумот напред, вклучувајќи ги технолошките унапредувања. Во визурите на социјализмот, буржоаскиот напредок бил преобразен во неизбежноста на социјализмот, кој го управувал непривлечниот развој на производствените сили кои веќе биле во конфликт со доминантните општествени односи.

Очигледно, социјалистичкиот проект е ветер во магла, освен ако социјализмот не е неизбежно одредиште на процесот кој го управува динамичната експанзија на производствените сили на кои не можеме да им се спротивставиме – а буржоаската револуција некако спаѓа во тој процес, без разлика колку различни форми да бара тој. Но, дури и без таквите идеолошки мотиви, на консеквенцијалистите им треба концептот за историската неизбежност само за да го одржат своето прашално (не)објаснување за потеклото на капитализмот.

Исто така, таквиот консеквенционализам мора да се однесува спрема многу специфичните законитости на капитализмот – односно, со неговите специфични императиви да се унапредат силите на производството и да се отстранат пречките до тоа унапредување – како спрема универзалните законитости. Или, да бидеме попрецизни, тие консеквенционалисти го усвојуваат наједноставниот можен вид технолошки детерминизам за да го избегнат прашањето за специфичноста на капитализмот.

Едно е да ја истакнеме очигледната поента (како што често прават „политичките марксисти“ како мене) дека доаѓало до важни технолошки напредоци во различни времиња на различни места пред појавата на капитализмот; а, дури е можно и да се каже, во многу широки (да не речам банални) термини, дека, ако гледаме низ долгорочна перспектива, можно е да се утврди општа тенденција на раст на технолошките унапредувања, дури и ако е така само затоа што е малку веројатно дека тие откритија, кога еднаш ќе се пронајдат, ќе исчезнат засекогаш.

Но, таквиот вид технолошки напредок е многу различен од единствените императиви на капитализмот, неговите неизбежни принуди, како предуслов за опстанок, дека постојано ја унапредува продуктивноста на трудот и ги намалува неговите трошоци за да се натпреварува и да го максимизира профитот. А, сепак, консеквенционализмот од нас, исто така, бара да ја игнорираме таа разлика.

Тоа игнорирање им е потребно не само за да го избегнат прашањето како се создал капитализмот. Исто така, потребно им е за да го одржат во живот гледиштето дека – без оглед со какви одложувања, застранувања и прекини се соочиле – историјата непопустливо е управувана од универзалниот и трансисторискиот нагон за технолошки напредок кој неизбежно ќе кулминира во социјализмот.

Неизбежноста ја заменува историјата со телеологијата и поткопува каква било идеја за историска каузалност. Тоа станува особено јасно во критиките кои тие консеквенционалисти ги изнесуваат против марксистичките историчари (т.е политичките марксисти) кои ја отфрлаат буржоаската револуција додека истовремено ја нагласуваат улогата на општествената сопственост и поинаквите класни односи. Такви се историчарите, според консеквенционалистите, ја сведоа својата историја на „волунтаристички“ судир на волјата, не само без јасен исход и неизбежниот социјализам, туку дури и без никакви цврсти материјални предуслови.

Консеквенционалистичката критика веќе не може да биде виновна. Политичкиот марксизам истрајува во тоа дека специфичните општествени форми како капитализмот – со своите сопствени специфични материјални околности, своите сопствени специфични односи на општествена сопственост и своите сопствени правила за репродукција – предизвикуваат специфични предмети и облици на конфликти.

Препознаваат дека нивните исходи не се предодредени, но сепак се обликувани и ограничени од специфичните материјални околности, на историски специфични начини, во специфични процеси на историските промени: класната борба во феудалното општество, каков и да е нејзиниот исход, нужно е поинаков процес од класната борба во капиталистичкото општество и, иако нема никакви гаранции за одредени исходи, социјализмот како последица на капиталистичката класна борба е историска можност во смисла дека никогаш не би можела да постои во контекстот на феудалните односи на општествената сопственост.

Дури и ако социјализмот бил свесна и намерна цел на некои капиталистички класни борби дека, да речеме, капитализмот не бил намерен проект на феудалните класни борби, тоа не го прави социјализмот неизбежна последица. Да се признае тоа значи дека се зборува за историјата, а не за телеологијата.

Критикувањето на политичкиот марксист како „волунтарист“ го покажува отсуството на разбирање што значи да се зборува за историската каузалност. Со тоа се сугерира дека сме принудени да избираме помеѓу, од една страна, потполно контингентни процеси и, од друга, безусловни предетерминации.

Особено е криптично што доаѓа од страна на заговорниците на новиот консеквенционализам кои усвоиле чудна мешавина на потполна аисториска контингентност и апсолутен детерминизам. Тие можеби и понатаму се уверени дека класната борба е движечката сила на историјата, но сеедно истрајни се во мислењето дека нејзиниот исход, на крајот, мора да биде предодреден. Најпосле, се претворија во бранители на идеите на „буржоаската револуција“ која е повеќе телеолошки отколку историски момент.

Како и многу други кои имаат магливи претстави за капитализмот, секако, критичарите на политичкиот марксизам не можат да го објаснат потеклото на капитализмот, па дури ни да го дефинираат на каков било смислен начин. Ако, горе долу, можеме што било да земеме како буржаска револуција, тогаш како ќе го препознаеме капитализмот кога ќе го воочиме? Кога сме веќе кај тоа, како е можно да се одржи претставата за капитализмот како специфична општествена форма, со своите сопствени принципи на функционирање, ако неговите законитости се издигнуваат на нивото на трансисториското?

Најголемата иронија на консеквенционалистичкото гледиште е дека, настојувајќи да го одбрани видот марксистичка ортодоксија од она што нејзините заговорници го сметаат за некаков вид хереза, успева да разложи на делови сè што е најдистинктивно во историскиот материјализам на Маркс, негирајќи ги сите напори да се разјасни специфичната природа на капитализмот на што му го посветил поголемиот дел од своето животно дело.

Наместо кон Маркс, тој консеквенционализам се враќа кон нешто што наликува на поимањето на историјата кое токму тој го критикуваше во својата критика на класичната политичка економија и просветителските претстави за напредокот. Сето она на кои тие изненадувачки се радуваат од недоработената предмарксистичка идеја за напредокот е неизбежниот социјализам.

За разлика од своите просветителски претходници, Маркс намерно ја заменил телеологијата со историјата. Ја означил својата сопствена критика на политичката економија како, меѓу другото, настојување да се оспорат економистите кои кон производството се однесуваат како кон нешто што им одговара на „вечните природни законитости независни од историјата, со изговорот со кој тивко се криумчарат буржоаските односи како ненарушливи природни законитости на кои е засновано општеството на апстрактно ниво.“ (Grundrisse l., 1)

Целта на неговото животно дело била замена на аисториската тендеција со објаснувањето за историски специфичните динамики и дистинктивните принципи на функционирање на капитализмот. Дали тоа изгледа како „ексцентрично тесно“ поимање на капитализмот?

Крај.

Кон првиот дел.

Илустрации: Isaac Cordal

Извор: http://www.zarez.hr

Слични содржини

Општество / Теорија
Свет / Теорија / Историја
Свет / Теорија / Историја
Јавни простори / Теорија
Свет / Теорија

ОкоБоли главаВицФото