Света трева

25.03.16 13:19

Фотографите Шон Крафорд и Џон Дибоа со проектот Sisters of the Valley го документирале секојдневниот живот на две американски калуѓерки кои одгледуваат марихуана од која прават лекови.

Во серијата неверојатни фотографии ги откриваме овие нетипични калуѓерки и начинот на кој ги одгледуваат растенијата и ги подготвуваат лековите, со набљудување на циклусите на месечината и духовната средина, во нивната работилница во Калифорнија, каде што употребата на марихуаната за медицински цели е легална. 

Сестра Кејт и сестра Дарси, калуѓерките од Sisters of the Valley, се сметаат себеси за калуѓерки, но не и католици или традиционално религиозни. Откако ќе ги направат производите, ги продаваат на својата онлајн продавница.

Извор: www.ufunk.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото