Накит со префинети геометриски форми

26.03.2016 02:31
Накит со префинети геометриски форми

Серијата геометриски накит е најновата колекција на францускиот дизајнер Гај Анастасио. Овие парчиња накит во вид на геометриски форми направени во Париз, се целосно рачно изработени и декорирани со злато. Ориенталните и art déco стилови се преплетуваат и од таа фузија се создаваат геометриски минималистички и префинети обетки и ланчиња. Разновидните парчиња накит се достапни на онлајн продавницата на уметникот, насловена Les Tatillonnes.

Извор: www.fubiz.net