1018 hPa
70 %

4 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 20:59
Рун Кристенсен е самоук уметник од Данска кој е познат по практиката на создавање уметност во уметност.
Патувајќи низ светот Кристенсен бил фасциниран од моделите и боите на традиционалните занаети, костми и декорации во храмовите во Азија, Јужна Америка, Северна Африка и Америка. Уметникот ги фотографира сите уметнички спомени кои му оставаат впечаток, и ги користи како референца во неговите дела изработени со акрилни бои и специјални Posca пенкала. Комбинирајќи ги илустрациите со потези со четка, се добиваат необичните и оригинални јукстапозиции во неговите дела.
Извор: artfucksme.com