Ова е шокантно и фрапантно

26.03.2016 21:47
Ова е шокантно и фрапантно


Интервјуто на Душица Мрѓа со Бујар Османи

Немам зборови да го опишам
она што го видов вчера на 24 Вести
интервјуто на Душица Мрѓа
со портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

Буквално во 45 минути
таа му ја вадеше душата.
Го раскинуваше
како што разгневените гладни лавици
на Анимал Планет во афричките вукојебини
ги раскинуваат оние зебрите
и брзите крави гнуа кои завршуваат како мрша.
До крајот на емисијата
од Бујар Османи останаа само коски и рогови!

Таа му ги извади цревата
ги закачи горе на рефлекторите
извади тенџере и почна
да прави манџа у сред емисија!


Интервјуто на Гоце Михајловски со Антонио Милошоски

Го гледав интервјуто
на Гоце Михајловски од 24 Вести
со Антонио Милошоски.

Кој очај која беда!!!

Ваков хорор не сум доживеал
од времето кога се заглавив во лифт
во сред ноќ во 3 саат
пред 5 години
во Аеродром во станот
до Нова Железничка.
До сабајле дремев во лифтот
сред лето без воздух
гледав во тоа лимот
пред мене како мисир
и тонев во клаустрофобија.

Слично и сега.
Еден цел саат го чекав
Гоце да се разбуди
и да му текне дека пред него
седи Антонио Милошоски
кој предлагал симпатизер на СДСМ
во Кичево да биде наместен
да оди во затвор
и кој скришно си направил куќа
на туѓо име
за да не таласа јавноста.

И Гоце ништо од тоа не спомена,
го остави Антонио да меле
со тој негов монотон нежен лигав глас
да дроби да дроби во недоглед
а Гоце молчеше и молчеше.

Ова е шокантно и фрапантно.

Ние му дозволуваме на нашиот џелат
кој штотуку ни искасапил две деца
и ги фрлил преку прозор на делови
да седне со нас во дневна
и да си гледа фудбал со нас
а ние го прашуваме дали сака
пуканки или тулумби.

Ова е тотално лудило!

Не знам дали е Гоце
маскиран куртон
или е неспособен морон!

Колумната на Бетмен

Што сакаше човеков да каже
во оваа колумна
ебалига ние ич не сфативме.

Има едно 100 пути напишано
ГНЕВ
има некои цитати од Библијата
и делата на Хомер
исто има нешто
за вредноста на животот
па нешто делкање на некои дрва
и целата поента некако му се врти
кон девизата НИКАД ВИШЕ
али што НИКАД ВИШЕ
не се разјасни.

Читавме читавме
баравме како што се бара
последната 50-денарка железна
у кола под седишта у темница
па светиш со мобилниот
па он ти се изгасува
па се нервираш па пиздиш...

И ништо...

Ако некој успеал да ја дешифрира
оваа колумна на Бетмен
ќе го частиме 200 бона за мензата
во студентскиот дом Гоце Делчев.
Таму со децении
имаат одлична кременадла
и гравче со салатичка
и сокче газирано
од Прилепска Пивара.


Гомно со крила

Аман бе Бетмене?!
Значи да се џускам и да се клештам
со Ивона Талевска до сабајле
да седам на утринска чорба со Илче Гебелс
да гнетам ќебапи со Иво Котески
па од што треба да си направен
за ваква операција?!

И во исто време да одиш на пиво
со Теофил Панчиќ и Борис Дежуловиќ
и со себе да м'кнеш поп
кој сето ова го гледа и си шмрка од пивото?!
И у меѓувремено додека сереш на шоља,
на смартфонот релативизираш за гревовите на владата
и напаѓаш опозициски новинари и политичари
и го браниш Грујо ради името...

Какво гомно треба да си
за да го правиш сето ова?!
Гомно со крила.

Што следно ќе му подари Геро на Грујо?

Брееееј! ЦАР!
Името и федерализацијата!
Што е следно?
Што следно ќе му подари Геро на Грујо
како тема на стотиците митинзи
во април следна година
каде Грујо ќе го плаши народот
и ќе се преставува како спасител?

Да ги рушиме сите цркви на МПЦ со динамит
а поповите да ги обесиме за бандерите?
Да станеме сите геј френдли
и сите да пробаме секс у гз?
Што е следно?
Што ќе побара јавно Геро во клучниве моменти
кога режимот се држи за нокти на карпата
и виси како мрсул на нос у јануари?


Со пешкир по г'з

Ја да сум на местото на Зоран Заев,
под сиот тој масакр
кој му го приредуваат талибанците,
би го викнал најучтиво
Геро во канцеларија...

Би ја заклучил вратата
и потоа би го тепал
со столот
со тастатурата
со масата
со тоа книгите,
би го бесел
со кабелот од маусот
и после
би го фрлил од прозор.

Мада тоа нема да е многу паметно,
ќе се дигне
уште поголема галама
и паника во медиумите...

Така,
најдобро е
да се лупа по гз
со мокар пешкир
за да нема белези...

Слики: Свирачиња