1019 hPa
72 %
17 °C
Скопје - Пет, 14.08.2026 05:59

Романската фудбалска федерација одлучи да покрене акција со цел да им помогне учениците во Романија да ја засакаат математиката и полесно да ја совладаат.
Од Романската фудбалска федерација сметаат дека добар начин за децата да се заинтересираат за математика е пресметувањето на бројот кој на дресот го носат нивните омилени фудбалери, со помош на едноставни математички операци.
На загревањето за пријателскиот натпревар со Шпанија, репрезентативците на Романија на теренот излегоа со дресови на кои наместо традиционалните броеви, имаше мали задачи по математика.

Поттикот за акцијата доаѓа од загрижувачкиот податок дека дури 18% од децата во Романија се откажуваат од училиштето, што е еден од најлоште рекорди во Европската Унија.
„Фудбалот и математиката не се исклучуваат меѓу себе. На спортот и образованието мораме да гледаме како на темели на нашето општество. Сакаме да имаме здрава заедница и паметни ученици, се надеваме дека децата преку фудбалот полесно ќе учат математика“, ја објаснува идејата Разван Бурлеану, претседател на Фудбалската федерација на Романија.
Извор: The Guardian